Екипата собра 31 бод и ги победи Ливерпул, Арсенал и Тотенхем. Барнли е екипа која што постигна 16 гола - точно три пати помалку од Манчестер Сити. Тоа е најдобриот показател дека Барнли дал помалку голови од шесте екипи пласирани зад него на табелата.
Тоа значи дека суперсилата на Барнли е одбраната. Довчерашниот второлигаш примил само 12 гола досега, помалку од нив примиле само Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед (по 11). Притоа клубот минатото лето го продаде најдобриот централен дефанзивец (Мајкл Кејн премина во Евертон за неверојатни 25 милиони фунти), а на стартот од сезоната се повреди и првиот голман Том Хитон.
На последните 11 меча Барнли 7 пати не прими гол, а чуварот на мрежата Ник Поуп и одбранбените фудбалери Бен Ми, Џејмс Тарковски, Стивен Ворд и Метју Лоутон ретко кој ги има на фантази фудбал.
Клучни учиноци за одличните резултати на Барнли се - количеството на блокирани шута (95, втор е Брајтон со дури 21 блокиран шут помалку според статистиката WhoScored) и исфрлања (563, според што се први во Премиер лигата). Освен тоа играчите на Барнли се најуспешни од сите во лигата и во воздушните дуели (800 дуели од кои 411 добиени). Барнли е трет од позади по бројот на точни подавања (имаат 5.964, а Сити е прв со 11.578).
Во составот на The Clarets (бордо боја на дресови) нема ниту една ѕвезда уште од времето кога Стивен Дефур важеше за една од најголемите перспективни таленти на Европа.
Ѕвезда во меѓувреме стана централниот стопер Мајкл Кин но летово за него загризаа многу гиганти а на крајот го купи Евертон. Најголем трансфер летово на Барнли беше Ново-Зеландскиот шпиц Крис Вуд, висок 191 см кој даде 4 гола досега во Премиер лигата.
Главна ѕвезда на тимот како ретко каде, е тренерот - Шон Дајч. Има 46 години и е поранешен централен дефанзивец кој играл за Нотингем Форест (се сртенал со Брајан Клаф), Милвол и Вотфорд но никогаш не настапувал во Премиер лигата.
Шон Дајч еднаш го внел Барнли во англиската Премиер лига, во 2014-та година. Клубот тогаш испадна од друштвото но управата му верувала и Дајш во првата следна прилика го вратил Барнли во Премиер лигата. Лани завршија 16-ти, денес се четврти.
Минатиот декември Daily Mail објавил статија за тоа кој од тренерите во англиската Премиер лига има најскап часовник. На прво место бил Дајч со Patek Philippe 5990/1А вреден дури 45.000 фунти!
Кога Евертон го отпушти Куман, се зборуваше дека може да го постават Дајч за тренер. Легендата на Арсенал Јан Рајт неодамна кажал дека би сакал да го види Дајш после Венгер на клупата. Притоа меѓу навивачите на Евертон (и повеќе меѓу навивачите на Арсенал) имало многу луѓе кои го сметале фудбалот на Дајч примитивен за екипата со историја и амбиција.
Познатиот тактички експерт Мајкл Кокс бил согласен: „Барнли е најдобро организиран клуб ориентиран на одбрана. Нивна основна цел е да ги блокираат ударите и да играат во вториот дел од табелата. Тоа одлично му оди во Барнли но судејќи по последните примери, методите на Дајч не би работеле во поголеми клубови“.
Кокс дава неколку примери од историјата како Рој Хоџсон во Ливерпул и Дејвид Мојс во Манчестер Јунајтед.
„Весниците често ме селат во други клубови, но така бидува кога ти пет години работиш на исто место. Тоа значи дека си колку толку успешен. Промоција во англиската премиер лига значи мног за тренер. Јас не заминувам од Барнли. Никогаш не сум рекол дека сакам да си одам но не можам со сигурност да зборувам зошто не знам што ќе биде во иднина. Животот е таков, луѓето менуваат работа“, рече Дајч во есенското интервју за The Guardian.
Недалеку од стадионот на Барнли има паб The Princess Royal. Минатата година домаќините на пабот објавиле дека главниот тренер на клубот тука пие бесплатно. Сезонава напишале на табла: „Шон, води не во Европа и не само што ќе пиеш бесплатно, туку и ќе го именуваме пабот The Dyche“.
The gaffer keeps on raising the bar!
— Burnley FC (@BurnleyOfficial) November 30, 2017
Last year, free drinks.,,
This year, the ultimate accolade! 🙂 pic.twitter.com/OgCZWYTk4A
Како тргнала работава натаму, ќе мора да го менуваат името...