
Маскотите понекогаш знаат да претераат, но исто така и судиите. Тоа се потврди викендов на натпреварот од англискиот Чемпионшип помеѓу Барнли и Квинс Парк Ренџерс.
Барнли го совлада противникот со 2:0 и ја потврди лидерската позиција, но нивната маскота не успеа да се израдува на победата.
Во текот на натпреварот пчелата протестираше и му понуди очила на помошниот судија заради една негова одлука, по што веднаш интервенираше главниот делител на правдата кој ја исфрли маскотата.
По натпреварот клубот се пошегува на сметка на маскотата и твитна слика од него во импровизирана ќелија.