Знаеме дека на Англичаните им нема рамни кога се во прашање организации со кои им прават големи изненадувања на многу деца. Дури и кога не смеат да ги прекршат протоколите на стадион, тие знаат да смислат брилијантен начин како да “внесат“ дете на терен.
Првичниот свет на кој сме навикнати продолжува да се менува. Арсенал, клуб пред чии домашни натпревари секогаш на терен ја гледавме маскотата Ганерсаурус, реши да се збогува со омилениот лик на навивачите.
Пред мечот Урал - Краснодар, во руската премиер лига, домашната маскота Шмел испрати порака дека не е важно колку пати ќе паднеш, важно е колку брзо ќе станеш.
Традиција долга речиси 7 децении и една од понеобичните во европскиот фудбал воопшто. Таква приврзаност меѓу навивачи и една жива маскота скоро и да нема никаде на друго место.
Кога влијателен лик како Жозе Мурињо ќе направи потег како оној по мечот со Јуве во ЛШ, кој го совлада со пресврт во драматична завршиница, не поминува тоа така. Неговиот провокаторски гест го повторија и две маскоти на Џенова пред мечот со Наполи.
Се вика Rocky the Mountain Lion или скратено Роки. Пред некое време една девојка одби плишано мече од него за Валентајн, па и донесе огромна плишана мечка со која што ја поклопи. Синоќа против ЛА Клиперс барал гостински навивачи и ги начекал со машинка за шишање.
Селекторот на Словенија Веселин Вујовиќ на неодамнешното Европско беше бесен поради судењето на мечот против Германија за која беше досудено пенал во финишот и во знак на протест застана да брани. Германците направија пародија од целата таа напната ситуација.
Хамбург и Борусија Менгладбах се сретнаа во четвртфиналето од германскиот Куп, но за време на она традиционално поздравување со судиите, желбата на малиот да се ракува со капитенот на гостите остана неостварена поради невнимателноста на Ларс Штиндл.
На мечот Сеара - Форталезе, бразилскиот напаѓач со познато презиме Даглас Баџо не успеа да го погоди голот од близу, а топката која отиде над голот успешно ја одбрани маскотата.
На мечот меѓу Дерби Каунти и Блекбурн Роверс во англискиот Чемпионшип првото полувреме заврши без голови, но публиката ја анимираа маскотата на Дерби, „Рибата“ и уште еден навивач на овој клуб.
После повеќе од една деценија забава за публиката во Јунајтед Центарот во Чикаго, Бари Андерсон одлучи да ја соблече маскотата и да види каков е светот од другата страна.
Анастасија има 21 година, ја викаат руската Кардашијан, а на следниот Мундијал сметаат дека ќе биде идната Лариса Рикелме која ја красеше трибината на навивачите на Парагвај на Светското во 2010-та. Инаку и она нема џеб за телефонот.
Виолетовиот лав Лео, маскотата на Австрија Виена минатиот викенд им пружи на навивачите несекојдневна прилика да гледаат циркуз на теренот. Толку беше пијан, што на крајот реагираа и лекарите.
22-та играчи, секое коло во Англија на терен излегуваат со 22 деца за рака. Се ракуваат со идолите, се сликаат, добиваат дресови. Повеќе од половина англиски клубови од тоа прават бизнис.
Јарецот е симбол на фудбалскиот клуб Келн уште од 1950-та година и ниту еден натпревар не може да започне без него, но знае и да направи проблеми. Хенес VIII избега од ланец на полувремето од натпреварот против Ален.
На претсезонските натпревари на Бруклин Нетс, не и тргна баш најдобро на маскотата со забивање, но барем успеа да направи нешто што тешко дека ќе и успее на некоја друга.
Фудбалскиот клуб Бредфорд минатата сезона им приреди многу радости на своите навивачи откако стана прв четвртолигаш што се пласира во финалето на Лига купот на Англија по пауза од 50 години, но изминатиот период и не беше толку среќен за нивната маскота.
Маскотите треба да ги забавуваат гледачите на спортските натпревари, но популарниот Змајчек, маскотата на кошаркарскиот клуб Олимпија од Љубљана, малку претера со анимирањето на двајца домашни навивачи.
Спортски колектив не е ист со и без маскота, но постои една маскота која се разликува од сите други. Тоа е Хенес, јарецот кој е симбол на германскиот фудбалски клуб Келн и суперѕвезда на својот стадион.
Расел Вестбрук ја истрола маскотата на Денвер и непотребно го блокираше обидот за тројка од пола терен, но иронично, Оклахома на крајот загуби со 3 разлика (121:118).