Заминува најсаканиот лик после Џордан во Чикаго

После повеќе од една деценија забава за публиката во Јунајтед Центарот во Чикаго, Бари Андерсон одлучи да ја соблече маскотата и да види каков е светот од другата страна.

Човекот кој 12 години беше најомилен лик во салата на Чикаго Булс го напушта тимот. Бари Андерсон, по пишување на Чикаго Трибјун на Фејсбук ја објавил и објаснил својата одлука:
„По 12 неверојатни години, дојде време да го истражам светот и животот без мојот драг црвен пријател. Беше неверојатно тежок избор, но одлучив дека на 30. јуни ќе биде мојот последен ден во Чикаго Булс, каде што моето срце ќе живее засекогаш“, напишал човекот кој ја носеше маскотата на Бикот Бени.
Инаку Benny the Bull беше прогласена за најдобра маскота во НБА лигата за 2015. година. Бари Андерсон дојде во Јунајтед Центарот во 2004. година на местото на Дан ЛеМоние и брзо ги освои симпатиите на навивачите.
 
Еден од врвните моменти на Бени беше кога му „ја украде“ девојката на навивач на Бостон: