Во Премиер лигата сè уште не се дозволени навивачи на трибините поради пандемијата, а ниту маскоти, но Лидс Јунајтед смисли начин како и во оваа вонредна состојба на терен да излезе со маскота.
Тоа му го овозможија на 13 годишниот Елиот на многу штосен начин. Капитенот на тимот, Лиам Купер на мечот против Арсенал излезе на терен со Ајпад во раце, а на видео врска во живо го вклучија Елиот, инаку болен од рак заедно со сестра му.
Тој претходно во тунелот заедно со Лук Ајлинг разговараа со маскотата која во суштина е виртуелна, но сепак на некој начин успеаа да му го исполнат сонот кој го имаат многу деца со свои омилени фудбалски клубови во Англија.
Елиот и сестра му ги покажаа и на видео бим.