На почетокот на секоја нова сезона во германската Бундеслига, навивачите на Келн по традиција одат во култната катедрала каде ја пеат клупската химна. Оваа традиција трае веќе шест години, многу пократко од она што е главен фудбалски ритуал во градот.
А тоа е: Пред секој домашен меч на Келн, на теренот се појавува јарец. Така беше и пред првиот домашен натпревар лани против Борусија Дортмунд кога за првпат се појави новиот јарец Хенес IX.
Јарецот е симбол на клупското лого (амблем) на Келн.
Интересно, претходникот на Хенес IX, Хенес Осми ги забавувал навивачите на клубот цели 11 години, но од лани е во пензија поради здравствени проблеми.
Тео Пејгел, директорот на зоолошкиот парк во кој живеел стариот јарец Хенес вели:
„Хенес VIII има остеоартрит. Како и кај луѓето, тоа може многу да боли и може помалку да боли, сè зависи од условите. Во секој случај болките го ограничуваа него“.
На голема радост на навивачите на Келн, промената на талисманот поминала добро. Хенес IX, новиот јарец на стадионот, се родил на 24 февруари 2018 година и бил 2 години помлад од неговиот претходник. Во август лани го пренеле во зоолошкиот парк во Келн и брзо се навикнал на натпреварите на фудбалскиот клуб и стадионската атмосфера.
КАКО ЈАРЕЦОТ СТАНАЛ АМБЛЕМ НА КЛУБОТ?
Нов јарец претставува посебна традиција на некои места во Германија, но видот Bunte Deutsche Edelzieg, кој важи за најдобар, е под закана од изумирање и исчезнување. Новиот јарец на фудбалскиот клуб Келн дури и на најрана возраст е далеку поголем од неговиот претходник Хенес Осми.
Оваа необична традиција започнала во 1950-та година кога Келн славел 2 години од своето основање. На големиот Карневал во Келн, директорот на локалниот циркус, Карол Вилијамс решил да му подари на тренерот жив јарец.
Постојат неколку легенди, од кои една е дека Карол верувал во кинески суеверија. Во секој случај јарецот станал жива амајлија која му носела среќа на Келн.
Тренерот Хенес Вајсвајлер јарецот кој го добил како подарок, го нарекол во своја чест. Така се појавил Хенес I, потоа Хенес II, Хенес III, Хенес IV итн. Јарецот брзо станал симбол на младиот клуб па го ставиле и на амблемот, на логото каде веќе стоела култната Катедрала во Келн.
Од сите јарци, најголема радост донел Хенес IV. Со него, Келн ја освоил титулата и Купот во епската сезона 1977/1978. За време на шампионската парада јарецот бил во отворениот автобус заедно со фудбалерите, а во негова чест навивачите напишале песна „Нашиот јарец шампион“.
Но освен среќата, и тагата е поврзана со јарците во Келн. Во 1996 година Хенес VI доживеал инфаркт за време на мечот со Карлсруе кога Келн изгубил. После неколку недели јарецот умрел, а екипата едвај се спасила од испаѓање.
Денес кога Келн игра дома, јарецот Хенес доаѓа во посебно возило/вагонче, во придружба на ветеринар кој го следи и успешно го внесува на стадионот. Пред мечот Хенес трча околу стадионот а публиката ужива.
Но јарецот Хене не е само симболичен круг околу стадионот. Од него клубот заработува околу 2 милиони евра секоја година. Хенес VII снимал реклами и серии.
Во официјалниот фан шоп на Келн има цела линија производи со јарецот-маскота. Од играчки за деца, капи, маици, шалови и маски. Интересно, Хенес има и свој Фејсбук и Инстаграм страници каде се објавуаат негови фотографии од натпреварите.
БУНДЕСЛИГА МУ ЗАБРАНИ НА КЕЛН ДА ГО НОСИ ЈАРЕЦОТ НА СТАДИОН ПОРАДИ ПАНДЕМИЈАТА
Коронавирусот руши една долга, децениска, скоро вековна традиција. Германската Бундеслига се враќа на 16 мај официјално, првенството продолжува таму каде што застана пред појавата на вирусот во оваа земја.
Германската фудбалска лига DFL веќе соопшти голем број мерки и препораки, детален протокол до кој фудбалерите и стручниот штаб ќе мора да се придржуваат.
Најмногу од сите настрада Келн. Во овој бундеслигаш прво имаше двајца заразени фудбалери и еден тренер, но екипата и покрај тоа ќе ја продолжи сезоната.
Согласно протоколот за здравје, на стадионот е забрането носење животни. Ова значи дека маскотата-амајлија на Келн, јарецот Хенес IX нема да може да присуствува на домашните натпревари на екипата во возобновената сезона.
Последен пат јарецот како маскота пропуштил меч на стадионот „Рајн Енерги“ во сезоната 2007/2008. Само тогаш, кога поради артрит Хенес VII не присуствувал на двата последни натпревари на Келн (против Хофенхајм и Мајнц во втората германска Бундеслига), а не присуствувал ни на прославата за пласман во Бундес.