Традиција долга речиси 7 децении и една од понеобичните во европскиот фудбал воопшто. Таква приврзаност меѓу навивачи и една жива маскота скоро и да нема никаде на друго место.
Германската фудбалска федерација го казни Келн 200.000 евра и три домашни натпревари без гледачи, поради нередите кои навивачите на „Јарците" ги направија по крајот на дуелот со Борусија Менхенгладбах.
Ентони Уџе изминатото коло одлепи откако славеше гол за Келн не мечот против Ајнтрахт Франкфурт и почна за рогови да го влече јарецот кој е инаку маскота на клубот.
Јарецот е симбол на фудбалскиот клуб Келн уште од 1950-та година и ниту еден натпревар не може да започне без него, но знае и да направи проблеми. Хенес VIII избега од ланец на полувремето од натпреварот против Ален.
Спортски колектив не е ист со и без маскота, но постои една маскота која се разликува од сите други. Тоа е Хенес, јарецот кој е симбол на германскиот фудбалски клуб Келн и суперѕвезда на својот стадион.