Се почна на Св. Валентајн, кога Келн и неговите навивачи не ја прославија меѓусебната љубов. Изминатиот 14 февруари, Келн гостуваше кај Борусија Менхенгладбах во еден од најголемите дерби дуели во Германија. Сè беше во ред до 90' минута, кога Гладбах даде гол за 1-0. Тоа беше повод неколку навивачи на Келн (групата Бојз) да влезат во теренот и да тргнат кон домашната публика. Полицијата тогаш уапси 6 навивачи на Келн, а неколку беа повредени.
Насилството на стадионите во Германија е во постојан пораст и полицијата соопшти дека како резултат на навивачките пресметки сезонава има 63% повеќе повредени од лани.
Келн презеде мерки и веднаш повлече од употреба 45 сезонски карти кои ги имаа членови на хулиганската група Boyz. Германската фудбалска федерација одлучи да ја затвори навивачката трибина за дуелите на Келн против Хофенхајм (12.4), Леверкузен (25.4) и Шалке (9.5).
Покрај тоа, Келн ќе мора да плати и казна од 200.000 евра поради недоволно добрата организација на мечот со Менхенгладбах. До крај од сезоната, Келн ќе може да организира гостувања за навивачите кои уредно, со име и презиме ќе можат да купат карта. „Јарците“ се должни за нивните навивачи на гости да обезбедат и 50 редари.
Севкупно Келн мора да прати 500.000 евра, но управата се решила за драстичен потег со кој ќе ги запре проблематичните хулигани. На суд ќе ги изнесе шесте навивачи кој се уапсени за време на нередите против Менхенгладбах и од нив бара да учествуваат во плаќањето на казната.
Солидарност со шесте уапсени навивачи веднаш покажаа останатите германски навивачки групи.
Еве што се случи на дербито во Менхенгладбах на 14. февруари: