Фудбалскиот клуб Келн е оформен во 1948-та година, а во тимот кој го одиграл првиот натпревар бил и Хенес Вејсвејлер, човекот кој подоцна стана тренер и легенда во Келн.
Две години по оформувањето на клубот, за време на карневал во градот, локалниот циркус му подарува клубот еден јарец кој го добива името Хенес по клупската легенда.
Хенес I почнал да му носи среќа на клубот, па фудбалерите веднаш го засакале и не само што бил присутен на домашните натпревари, тие си го носеле со нив во автобус и на гостувањата. Првата маскота била присутна и при освојувањето на две титули во Бундеслигата во 1962-та и 1964-та година и по 16 години Хенес I починал во 1966-та година.
По него следи Хенес II, Хенес III... а денешната маскота е јарецот Хенес VIII кој е присутен во клубот од 2008-та година.
Јарецот Хенес има статус на суперѕвезда во Келн, а новинарски екипи од целиот свет постојано го посетуваат и снимаат репортажи за него.
Денот кога фудбалскиот клуб Келн игра натпревар на домашен терен е посебен ден за него. Неговите чувари му ја облекуваат специјалната наметка со клупското лого и тој се упатува кон стадионот. Таму Хенес прави обиколка и ја проверува тревата на негов начин. Дури тогаш може да започне натпреварот.