После 27 години во клубот, Арсенал ја отпушти маскотата поради кратење трошоци

Првичниот свет на кој сме навикнати продолжува да се менува. Арсенал, клуб пред чии домашни натпревари секогаш на терен ја гледавме маскотата Ганерсаурус, реши да се збогува со омилениот лик на навивачите.

Овој костим од 1993 година го носел Џери Куај и ги забавувал навивачите цели 27 години на „Хајбери“ на па модерниот и современ „Емирати“.

Џејми Куај навивал за Арсенал уште од 1963 година кога првпат го однеле на натпревар на „топџиите“ од северен Лондон. Куаи дури и ја пропуштил свадбата на брат му за да го гледа Арсенал една вечер, но сега клубот реши да му врачи отказ.

Навивачите се тажни од овој потег на управата на Арсенал, па веќе и покренале акција за собирање средства и враќање на легендарниот Ганерсаурус на стадионот.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

🏆

A post shared by Gunnersaurus (@officialgunnersaurus) on

СЕ ПОРАДИ ОПТИМИЗАЦИЈА НА РАСХОДИТЕ

Раскинот на договорот со маскотата е само продолжување на процесот на оптимизација на трошоците во клубот. Во август Арсенал отпуштил 55 работници во клубот со просечна плата од 35.000 евра годишно, меѓу нив и неколку клучни скаути. Ова е речиси 10% од вкупниот број вработени во клубот - 590.

Маскотата Ганерсаурус работел со скратено работно време и немал договор за неопределно. Затоа го избегнал првиот бран отпуштања, но сега кратењето го стигнало и него.

Арсенал многу страда без навивачи. Во сезоната 2018/2019 просечниот приход од денот на натпревар му носел на клубот околу 3,2 милиони фунти (само денот на натпреварот). Притоа Арсенал заработувал најмногу од сите клубови во однос на ставката ден на натпреварот (match day) - 25%. Пример Тотенхем и Манчестер Јунајтед имало заработка до 18%, Манчестер Сити 10%, Ливерпул 16%, Челси 15% итн.

Ако до крајот на март 2021 година навивачите не се појават на стадионите - Арсенал ќе изгуби околу 55 милиони фунти. А ако публика е забранета до крај на сезоната, загубите на „топџиите“ ќе стигнат до 71 милион фунти.

Во отсуство на гледачи, клубот сметал дека може да функционира и без маскота. Арсенал ја потврдил информацијата за реномираниот The Athletic, но изразил надеж дека наскоро би можеле да ја вратат маскотата.

Навивачите сакаат Ганерсаурус да биде вратен веднаш. Во понеделникот тие организирале акција за собирање на средства (треба да се соберат 70.000 фунти за да му биде платена работата на човекот кој е маскота на клубот - Џери Квај).

 

ГАНЕРСАУРУС ГО СМИСЛИЛО 11-ГОДИШНО ДЕТЕ, МАСКОТАТА ДУРИ БИЛА НА СВАДБАТА КОГА ДЕТЕТО ПОРАСНАЛО И МУ ВРАЧИЛО ПИСМО ОД ВЕНГЕР

На клупскиот сајт има легенда дека во летото 1993 година за време на реконструкцијата на легендарниот „Хајбери“, работниците нашле јајце од кое наскоро се родил мал диносаурус кои после неколку недели стана 2,5 метарскиот Ганерсаурус.

А реалната приказна за маскотата не е ништо помалку необична. Ганерсаурус го смислил 11-годишно дете кое во сезоната 1993/1994 победило на конкурсот меѓу младите навивачи во изработка на цртеж за маскота. Победник станал малиот Питер Лавел.

На оригиналот на Питер боите биле поблиски до клупските бои отколку сега.

„Мене ме викнаа на церемонијата претставување на маскотата. Со Ганерсаурус прошетав еден круг околу теренот и се запознав со човекот кој беше внатре во маскотата. И во текот на следните 20 години треперев додека набљудував како мојот мал Ганерсаурус станува омилен дел од Арсенал“, се сеќава Питер, авторот на идејниот цртеж за диносаурус-маскота на Арсенал.

Интересно во 2013-та година маскотата добила дури и покана за свадбата на Питер и таму на младоженецот му предала писмо од Арсен Венгер.

Ова изненадување на Питер му го спремиле родителите. „На свадбата имаше многу навивачи на Арсенал и ниеден од нив не знаеше што ќе се случи, тоа беше многу јак момент. И стана уште појак кога дознав дека џентлменот внатре во диносаурусот е оној човек кој истрча еден круг на стадион со мене кога имав 11 години!“, заклучува Питер, творецот на маскотата која оди во историја.

А еве го одблизу човекот кој стои облечен во маскотата цели 27 години - Џери Квај

5 октомври 2020 - 15:15