По неверојатните шутеви на сјајниот Вучевиќ против Филаделфија за победа во последни секунди, па и против Денвер Нагетс за триумф со звук на сирената, лидерот на Чикаго Булс одново ги смрзна гледачите.
Вучевиќ кој цели 14 сезони е во НБА лигата постигна драматична тројка во салата на Портланд во Орегон за победа 122:121.
Тој го заврши дуелот со 27 поени, 8 скока и 2 асистенции и беше најефикасен кај Чикаго Булс кој по серијата победи и серијата порази, сега врза два триумфи едно по друго.
Коби Вајт кој постигна 25 поени на крај му асистираше феноменалено на Вучевиќ.