Хаити е земја во која некое време беснее војна на криминални банди. Од таа причина фудбалската репрезентација на Хаити домашните натпревари од групата ги играше на стадионот во Курасао. Кога тие беа таму, Курасао играше на гости и така се менуваа наизменично.
На крајот Хаити првпат се пласираше на Светско после цели 52 години! И тоа без нивниот селектор да бил некогаш во земјата. Ги водеше само на неутрален и гостински терени.
Ова беше причина за голема, историска радост на земјата која според информации од западните медиуми поминува низ тешко време. Организацијата на Обединети Нации го смета Хаити за најопасна точка на планетата: војна на банди, масовна глад, сиромаштија и тотална емиграција.
Во кратки факти да видиме што се случува со оваа островска карипска земја во последниве години:
- Повеќе од 200 банди
Гангстерите од Хаити се познати ширум светот и можеби сте слушнале за нив преку видео играта GTA Vice City. Кризата со криминалот во земјата која е малку поголема по размер од Белгија толку многу пораснала што до 2020. година насекаде имало вооружени банди, а тоа довело очекувано до внатрешни војни.
- Убиство на претседател
Првиот катализатор на внатрешниот хаос било убиството на претседателот Жовенел Моиз во 2020-та. Претседателот ветил реформи и големи промени но ништо не реализирал. Пред смртта тој имал низок рејтинг и владеел практично со помош на декрети кои му ја продолжувале полномошноста.
- Земјотреси
Сите во Хаити се согласуваат дека сиромаштијата и бедата почнала уште во 2010-те години кога се случија најстрашните земјотреси во историјата на земјата: стотини илјади загинати и практично целосно разрушена престолнината Порт о Пренс. Корумпираните власти не успеале да се справат со проблемите и штетите кои биле проценети на неколку милијарди долари.
Со гладот и нехуманите услови растела и социјалната тензија и криминал.
- Нов претседател
Ариел Анри, човек близок до убиенот претседател Моиз се спремал да стане премиер а на крајот бил избран за претседател. САД и другите држави настојувале тој да управува со Хаити. До избори не дошло па многумина сметале дека тој е нелегитимен. После се случил нов земјотрес а Анри не успеал да ја обедини земјата.
- Бандити ја опседнале престолнината
80-90% од Порт о Пренс главниот град на Хаити е под контрола на бунтовници. Луѓето ретко излегуваат на улица а престрелки среде бел ден е обична појава. Властите не се справиле со криминалот и ситуацијата стигнала до катастрофа. Во Обединети Нации се разговарало дека Хаити практично ја изгубил државноста.
- Ослободени затвореници
Во 2024-та бандитите почнале жестоки напади врз државните институции. Најопасна акција се случила во два затвори кога избегале повеќе од 4.000 осудени криминалци.
- Сега нема ниту спорен претседател
Под притисок на вооружените банди Анри се откажал од претседателско и премиерско место. На негово место до февруари 2026-та ќе владее претседателски совет. За тоа време на Хаити треба да се одржат избори.
Лидерите на бандите веќе заговарале дека ќе продолжат со терор и при новата власт.
- Во земјата има околу половина милион единици огнено оружје
Хаити не произведува оружје а земјите во Организацијата на Обединети нации (ООН) вовеле ембарго на увоз на оружје во Хаити.
- Најмалку 5.600 загинати во 2024
„Бандите убиваат и киднапираат луѓе, со принуда изнудуваат пари на незаконски царински пунктови, запленуваат камиони со храна и друга роба, палат и уништуваат куќи, болници, школи и други јавни зданија“, рекол Врховниот комесар на ООН Филкер Тирк.
- Милион бегалци
Не го напуштаат сите Хаити но во последните две години над 1 милион луѓе емигрирале во странство и нашле излез од катастрофалната ситуација.
- Проблеми со хидроелектростаници
Во пролетта 2025 многу градови на Хаити немале струја. Последица за тоа била неможноста за контенејрски превоз. Економијата сопрела а цените скокнале за повеќе од 30%. Масовен глад е пријавен на секаде низ земјата.
- Други земји веќе не помагаат
ООН обезбедуваше со години хуманитарна помош и миротворци но тоа е малку со оглед на огромниот хаос. Формалните власти се обраќале за помош но големите држави меѓу кои и САД одбиле да пратат војска. Неочекувано се огласила Кенија, африканската земја која пробала да ја одбрани власта од бандитите на Хаити но не успеала.
- Репрезентацијата не играла дома
Хаити обезбеди историски пласман на Светско првенство првпат после далечната 1974 година! Тогаш на Мундијал не освоиле очекувано ниту еден бод во група со Италија, Аргентина и Полска. Сега нивниот пласман е сензационален особено ако се знае дека сите домашни натпревари ги одиграле во Курасао. Главиот стадион на Хаити е завземен од страна на вооружени банди а фудбал таму репрезентацијата последен пат играла пред четири години.
Но следното лето веројатно фудбалот и Светското првенство ќе ги обединат формалните власти, бандите и другото население.