Македонија ќе го игра баражот против Данска на гости, како дел од Пoт Д, кој и се падна на денешната ждрепка.
Ги избегнавме Италија и Турција, како две најсилни репрезентации од таа конкуренција.
Данците завршија втори во Ц групата. Директниот пласман на Мундијалот го испуштија во судиското продолжение, во кое примија дури два гола од Шкотска која победи 4:2 и ја презема лидерската позиција.
Ако ги изненадиме Данците на гости, инаку 21-ви на рангот на ФИФА, во финале ќе играме против подобриот од дуелот меѓу Чешка и Република Ирска, повторно на гости, бидејќи така сакаше ждрепката.
Полуфинални двојки:
Пот А
Италија - Северна Ирска
Велс - БиХ
Пот Б
Украина - Шведска
Полска - Албанија
Пот Ц
Турција - Романија
Словачка - Косово
Пот Д
Данска - Македонија
Чешка - Република Ирска
Двојките на меѓуконтиненталниот бараж:
Нова Каледонија - Јамајка против Конго
Боливија - Суринам против Ирак

