Пред да загуби во финалето на Лига купот од Свонси, четвртолигашот Бредфорд ги елиминираше Арсенал, Виган и Астон Вила по што го доби прекарот „убиец на гиганти". Оваа година беше една од најдобрите во клупската историја, но не и за маскотата.
59-годишниот Лени Бери беше приморан да се повлече затоа што тој повеќе не е доволно дебел за да ја извршува својата функција. Лени бил маскота на Бредфорд во изминатите години и помеѓу навивачите бил препознатлив по тресењето на своето меше.
Но заради дијабетес тој за неколку години ослабел преку 40 килограми и пред почетокот на новата сезона челниците на клубот го информирале дека тој повеќе не одговара на оригиналниот концепт.
На Лени му било понудено да облече костум под дресот за да изгледа подебело, но тој одбил и решил да се повлече. Клубот соопшти дека нема да бара негова замена.