Барнли победи на „Олд Трафорд“ првпат од 1962 година, а не примил гол на овој стадион првпат после 1921-ва година. Тимот предводен од Шон Дајч веќе трета сезона по ред дава 2 гола на гостувањето кај Јунајтед, но претходно два пати им дозволи на домаќините да израмнат на 2:2. Сега победија од трета.
Откако е тренер на Манчестер (28 март 2019 година), Оле Гунар Солскјер изгуби 12 меча во Премиер лига, победи на 11, а 9 пати играше нерешено.
Јунајтед губи два меча по ред во Премиер по вторпат откако Норвежанецот седна на клупата. Прва ваква серија имаа во април 2019-та кога цели 5 меча не знаеа за победа и останаа без Лига на шампиони.
Навивачите неколку пати ја исвиркаа екипата а постојано скандираа Stand up if you hate the Glazers. На десет минути пред крајот трибините се испразнија речиси за 70%.
Минатата сезона после 24 кола Манчестер Јунајтед имаше 45 бода. Сезонава има 11 помалку. Ова се кошмарни резултати, најслаби во ХХI век. Лидерот Ливерпул им бега цели 30 бода и тоа со два меча помалку. Од зоната за испаѓање Манчестер Јунајтед го делат 11 бода.
По мечот со Барнли, легендарниот стопер на Јунајтед, Рио Фердинанд беше гневен:
„Гледаш некои фудбалери и се прашуваш од кај се појавиле во екипата: дали стварно се играчи за Манчестер Јунајтед? Кој ги купува, тренерот или клубот? На оваа екипа потрошиле 600 милиони фунти, а најдобри играчи сезонава се децата на клубот. Тоа многу кажува како ги наоѓале играчите. Англиските деца веќе не носат дресови од Манчестер. После тоа што го гледаат денес, веќе никогаш нема да сакаат да дојдат на меч и да навиваат за Манчестер. Не сакаат“.
Питер Крауч додава:
„Најубиствено е што нивниот состав е 100 милиони фунти поскап од оној на Ливерпул. Кој ги купува играчите? Сега ќе потрошат 30-40 милиони фунти на еден играч. Ова е најлоша екипа во последните 30 години. Кога гледате на сегашниот состав и на тоа кој некогаш седеше на клупа лесно ќе приметите. Веќа нема идентитет. Не знам што значи да си играч на Манчестер Јунајтед сега“
А тренерот Солскјер после тешкиот пораз од Барнли синоќа изјави:
„Треба да си подадеме рака и да признаеме дека ова не е добро. Во прво полувреме створивме неколку полушанси, но тие беа недоволни. Играчите на Барнли беа ладнокрвни, ефикасни и добро се бранеа. Не можевме да им ја пробиеме одбраната. Дечките се трудат во целост, но првпат во живот проаѓаат низ ова. Кога си во Манчестер Јунајтед, ти играч за најдобриот, најголемиот клуб на светот. Некои од нив одиграа 10, 12, 15 меча и не им е лесно. Јас ги поддржувам и им помагам да пројдат низ тоа. Се што можам да направам е да спуштам раменици и да кажам ова не е добро“.