Екипата на Ксерез пред 4 сезони беше дел од Премиера дивизион, но во експресно брзо време се врати во втората лига. Навивачите го загубија трпението затоа што тимот се наоѓа на последната позиција и наредната година ќе игра во трета лига.
Шпанските навивачи решија протестот да го изразат на подетален начин, па така на сите фудбалери им посветија по еден крст кој беше забоден на теренот каде што тренираат.