Манчестер Сити се обвинети дека користеле неферска тактика за спречување на долгите уфрлувања од аут линијата од страна на фудбалерите на Стоук.
Екипата на Стоук е позната по нивното усовршување на долгите уфрлувања по аут и топката најчесто завршува директно во противничкиот шеснаесетник, но Манчестер Сити успеа да ја спречи оваа воздушна закана кон нивниот гол.
Пред почетокот на натпреварот, вработените на Етихад стадионот ги поместија рекламните паноа поблиску до теренот, така што фудбалерите на Стоук не беа во можност да земаат долги залети. На крајот, Сити победи со 3:0.
Од следните слики може да се види споредбата на теренот и положбата на рекламите на натпреварот против Стоук и на претходниот натпревар против Рединг.