Фелаини е трчи лажи

Додека играше во Евертон, Белгиецот беше меѓу омилените фудбалери во Премиер лигата, но откако дојде во Манчестер Јунајтед, стана најомразен, затоа што нема натпревар, а да не направи проблем. Прво го удри со лакт Џо Ален, па ги плукна Серхио Агуеро и Пабло Забалета, а вчера се држеше за врат откако го удрија по рака.