Стоук Сити кои важи за најстар клуб во Премиер лигата и кој годинава прослави 150 години од своето постоње дефинитивно си го валка реномено со ваквите игри кои се нетипични за професионални фудбалери.
Играчот од средниот ред на Стоук. Брек Ши, на Твитер објави слика со свинска глава и напиша „луда шега во соблекувалната“. Англиските медиуми пренесуваат дека главата е пронајдена во шкавчето на Кенвајн Џонс, а му ја поставил неговиот клупски колега Глен Велан.
Фудбалерот од Тринидад и Тобаго, кој е растафаријанец и кој не јаде свинско толку се налутил што со камен му го скршил стаклото на Поршето на Велан. Сведоци на инцидентот биле и навивачите на Стоук кои стоеле надвор и чекале автограми, а целиот случај веднаш почнале да го шират по социјалните мрежи.
Од англискиот премиерлигаш изјавија дека ова е сериозен инцидент и веднаш отворија истрага, по што ќе бидат превземени дисциплински мерки за сите кои учествувале во идејата.
Фудбалерите на Стоук очигледно дека стануваат познати по ваквите потези кои не сме навикнати да ги гледаме во спортот, а пред само 4 дена нивниот соиграч Мајкл Овен го испратија со јајца и брашно кои ги истурија на неговиот автомобил.