Стоук е 18-ти на табелата и дал само 6 гола во 9 кола. Напаѓачите им играат мизерно - дава голови само Бени Афобе, еден дал ветеранот Крауч и еден Саидо Берахино (во минатото коло).
Тоа е првиот негов гол за 913 дена!
Во последните две години во Премиер лига Берахино не дал ниту еден гол иако играше како стандарден првотимец. Маката на Стоук да биде поголемо, за него во 2017-та на Вест Бромвич му платија 12 милиони фунти.
Англискиот жолт печат е познат по пикантериите кои ги вади за играчите, па така The Sun дошол до информација и објавил дека во последните шест недели Берахино добил три бебиња и сите три од различни жени.
Првото дете се родило на 30 мај од неговата сопруга Стефани но после пар недели, на денот на Свети Валентин, Саидо бил „уловен“ со моделката Челси Лавлејс. Челси му родила бебе на Саидо неколку дена по објавување на веста дека ги виделе заедно.
На 17 јули на свет се појавил уште еден наследник на центарфорот на Стоук и тоа од медицинска сестра од Африка.
Саидо постигнал „хет-трик“ иако тој лично не го признава татковството. Уште да биде така ефикасен и на терен, кај ќе му биде крајот на Стоук Сити.