Големината на Френки Лампард

Фудбалерот на Манчестер Сити го прославува секој гол со кренати раце кон небото, во чест на неговата мајка која почина пред некоја година од рак. Некогашниот англиски репрезентативец вчера по дуелот со Стоук направи гест, со кој “ја купи“ целата англиска јавност.

Во вечерта со малку задоволства за навивачите на Стоук кои загубија 4:1, еден од најсреќните моменти беше дебито на 17-годишниот Оливер Шентон. Детето на Стоук кое од седум години е во клубот, влезе во игра '94 минута од средбата, кога го замени Стив Н'зонзи.
 
Иако цела сезона тренира со првиот тим, Шентон во последно време минувал низ големи проблеми, затоа што мајка му Менди ја загубила 15-годишната битка со ракот пред две недели. Иста судбина го снајде и Лампард додека настапуваше во Челси.
 
Лампард знаел за трагедијата на младиот Шентон и за да се увери дека е тој, на крајот од средбата го прашал Питер Крауч. Откако високиот центарфор му потврдил дека тој е малиот, Лампард отишол и го прашал дали сака да ги заменат дресовите.
 
Шентон прифатил со задоволство и на тој начин, Лампард ја воодушевил јавноста во Велика Британија и уште еднаш потврдил дека освен што е голем фудбалер, голем е и како човек.
 

12 февруари 2015 - 17:10