Таг: Виена

Виенските музеи најдоа начин како да презентираат голотија на социјалните мрежи

Можеби ви се случило - објавувате врвно уметничко дело (слика, скулптура или фотографија) на кое има голотија, и социјалните мрежи ви го банираат, заканувајќи се да ви го блокираат и профилот. Откако ова редовно им се случувало на виенските музеи кои никако не можеле да се разберат со Фејсбук, Инстаграм и ТикТок, дека Егон Шиле и Климт не се порно содржини, тие одлучиле да си отворат профил на Онли фанс - социјална мрежа наменета само за возрасни.

Жената која ги правела најдобрите клавири во Виена

Нанет Страјхер за жал има маргинално место во историјата на музиката. А била една од најдобрите производители на пијана не само во Виена, туку во Европа. Плус долго време го водела хаотичното домаќинство на Бетовен.

Како нацистите си присвоиле бестселер со рецепти

Готвачот на Алис Урбах бил хит во германското говорно подрачје во 1930-тите. Како Еврејка таа избегала од Австрија, каде книгата била отпечатена со друго име на корицата.

Што е ИКЕА без паркинг?

Во скоро време тоа ќе биде ИКЕА Виена, која почна да се гради во поширокиот центар на градот во близина на Западната железничка станица, каде нема да може да ги распостеле своите по недоглед препознатливи паркинзи.

Виенски потоп на Македонија

Да, ракометот е игра во која тркалата брзо може да тргнат удолу, но оние кои некогаш ги красеше борба, желба, волја, храброст, знаење, овојпат изгледаа како попарени почетници. Или можеби само немаа достоен предводник од клупата. Австрија - Македонија 32-28 (18-12).

Кирјос ја удрил колата вредна 300.000 долари и нема да игра во Париз

Австралискиот тенисер со грчко потекло ги откажа настапите на претстојните турнири во Виена и Париз, од причина што имал удар со неговиот автомобил во Австрија.

Со игла и конец се зашиваат вандализирани портрети на жртви од холокаустот

Што да се направи кога во една средина ќе се појават екстремистички групи кои се обидуваат да шират омраза? Да се земат работите во свои раце, и да се покаже дека не се сите исти. 

Невидливо дело кое ја потсетува Австрија на нејзиното нацистичко минато

Хелденплац или Плоштадот на хероите е лоциран во самото срце на Виена, полн со локални минувачи и со туристи. Од март, па во следните осум месеци, тука ќе се одбележуваат 80 години од анексијата на Австрија од страна на нацистичка Германија. На еден необичен начин - со морничави звуци на прсти кои минуваат по раб на чаши.

„Обликот на времето“ - изложба во Уметничко-историскиот музеј во Виена

Што ако делата на старите мајстори од колекција која покрива неколку илјади години ги спариш со такви на модерни и современи уметници? Добиваш приказна која надминува историски епохи, трендови и стилови, и кажува нешто повеќе за човечката состојба. Онаа на секој човек, насекаде. 

Од најстрашно гето во Јамајка до најбаран талент во Европа

Во 2015-та година еден познат писател од карипската земја Јамајка ја доби најпрестижната „Букерова награда“ за неверојатниот роман, а она што се случи со едно дете од неговиот роден град би можело да биде сценарио за филм за Оскар.

Приказната за Захер тортата

Захер за Виена и за остатокот од благородниот свет е она што овде долго време беше Васина торта (пред човечката мрза да ја тронизира Нутелата), најраскошната убавина со која можете да го погалите своето непце. Иако приказната за Захер тортата е по малку горчлива, тоа на бечлии (ок, виенчанци) им донесе дупло (ок, двојно) благо.

Ирските навивачи и Јирген Клоп во метро

Пред мечот Австрија - Ирска (0:1), во едно метро во Виена, ирските навивачи среќаваат човек кој многу личи на Јирген Клоп и тука почнува шоуто.

Блиски средби од турско-курдски вид

Околу 1.200 Турци излегуваат на плоштад во Виена за да му изразат поддршка на Ердоган по неуспешниот пуч. Виена ко Виена, на плоштадот има и курдски дуќани, во конкретниов случај курдски ресторан.

Австрискиот Златан кој со покајание оди на Европско

Сторија за бурниот карактер на репрезентативецот на Австрија Марко Арнаутовиќ, кој во рани зори бегал од полиција, се тепал со соиграч, имал напнат однос со Мурињо, а сега оди да се прослави на Европско првенство.

Фото на денот

Никола Груевски даде два и намести еден гол на мечот меѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан во Виена каде помошни судии беа Јоханес Хан и Ивица Дачиќ.

Фаул за затвор по брза постапка

Натпреварот е Австрија Виена - Ајакс од 3. квалификациско коло за ЛШ кој заврши 2-2, а малоумникот е Стефан Шваб.

Том во Виена

Во 1979, додека бил на европска турнеја, Том Вејтс oдржал концерт и во главниот град на Австрија, и се согласил да мине еден ден со филмска екипа. Погледнете го: има само 30 години, раскажува ко некој врач, и е многу сладок.

Комшилук со историска густина

Виена во 1913-та година случајно задомува шарена група луѓе кои ќе го обележат целиот тој век. Замислете ги Тито, Фројд, Хитлер, Троцки и Сталин - во исто маало.

„Лебдечки светови" - изложба посветена на облаците во уметноста

До Виена стигнавме низ облаците. Син ми, прв пат во авион, возбудено ги гледаше, споредувајќи ги со шеќерна волна или пена за коса. Тие нè следеа цела недела, а првиот момент кога попуштија и низ нив ѕирна сонцето беше - кога отидовме да ги видиме на изложба!

Бароуз во Виена

Во Кунстхале во Виена во тек е изложба посветена на Вилијам Бароуз, икона на битниците, инспирација на Битлси, Френк Запа, Пети Смит, Лу Рид, Брајан Ино, авторот на „Голиот ручек" и еден од креаторите на таканаречениот cut-up метод.