Кирјос пред неколку дена, кај местото Бонер во Австрија го слупал својот „доџ Челенџер СРТ“, ѕверски автомобил вреден 300.000 долари. Тенисерот изгубил контрола над возилото и во еден момент удрил во заштитната ограда крај патот.
Во целата незгода немало повредени. Кирјос дал изјава за австриската полиција, а набрзо одлучил и да откаже учество на првите два следни турнири.
Негова замена во Виена ќе биде Лоренцо Сонего, а во Париз Германецот Штруф.
Кирјос има среќа што непојавувањето во Виена и Париз нема да му се одразат на бодовниот учинок на АТП ранг листата. Минатата сезона тој последно играше на Купот на Кремљ во Москва, така што нема да брани никакви поени.
Турнирот Виена Опен се игра од 21 до 27 октомври, а оној во Париз од 28 октомври до 3 ноември.