Кајзершмарн или благи цепкани палачинки (лесен рецепт тука), штрудла со јаболка и посебни крофни се само некои од рецептите во книгата од над 500 страници на Алис Урбах под наслов „Вака готвиме во Виена!“. Во 1930-тите речиси секое виенско домаќинство имало копија од книгата, па Алис станала авторка на бестселер. Сепак, славата не траела долго.
Родена во Виена во 1886 во еврејско семејство, Урбах била крупно дете со сини очи и светла коса. Родителите имале големи планови за своите деца, надевајќи се дека тие ќе станат доктори или адвокати во виенското високо општество. Но Алис го сакала готвењето и се обидувала да се здобие со поддршката на татка си правејќи му ситни колачи. Се омажила за доктор, но тој бил повеќе заинтересиран за коцкање отколку за неа. Умрел осум години по нивната свадба, оставајќи ја Алис со две мали деца и во сиромаштија.
Но Алис не се предала - ги засукала ракавите и основала готвачко школо, во кое подучувала меѓу другото и „брзи рецепти за жени што работат вон домот“. Организирала изложби на кулинарска уметност и го измислила првиот сервис за достава на топла храна во Виена. По некое време веќе можела да го прехрани семејството.
Нејзината внука Карина неодамна објави биографија - „Книгата на Алис: како нацистите го украдоа готвачот на баба ми“. Таа се сеќава на неа како на забавна, великодушна, и секогаш убаво облечена. За разлика од неа, Карин не биле нешто по готвењето. И дури подоцна во животот се прашала зошто на нивниот рафт има две книги со рецепти со идентичен наслов, но со поинакво име на корицата.
На изданието од 1938 стои Алис Урбах, но на она од 1939 како автор е наведен маж по име Рудолф Рош. Истражувањето на архивските материјали и семејните спомени покажало дека на 12 март 1938, кога германската армија влегла во земјата, Алис Урбах избегала и си го зела готвачот со неа. Најпрвин се населила во Англија каде работела како готвачка и одржувала засолниште за еврејски сирачиња во Британија.
По војната таа им се придружила на своите синови во САД. Во тоа време имала 60 години. Не се чувствувала добро како пензионерка, па станала позната личност во новата татковина, готвејќи на ТВ шоу програми и на возраст од 90 години. Била сметана за најстарата готвачка во Америка, освојувајќи ја тамошната публика со австриските рецепти и шармантниот акцент.
Сепак, до крајот на животот во 1983, таа не успеала да си ги поврати правата за книгата која била „аријанизирана“ пред Втората светска војна и останала таква до денес. Секако, тоа не е единствениот случај - нов автор добила, на пример, и книгата на Едуард Енгел, „Стилкунст“ или „Уметноста на стилот“. Притоа не биле менувани само имињата на авторите, туку и дел од воведот и имињата на поглавјата, а интересно е што во готвачот никому не му текнало да ги замени фотографиите на кои се уште се рацете на Алис како става зачини или меси.
Сега оригиналниот издавач на готвачот, Ернст Рајнхард Верлаг, има дадено понуда да ја продава како е-книга. Конечно, после 85 години, авторството на бабата на Карина Урбах ќе биде рехабилитирано.