Продавницата ќе биде од модерните, што значи стакло, железни конструкции и дрвја и останато зеленило на најразлични локации на кровот и по фасадата. Намерата е објектот да има вкупно 160 дрвја, кои ќе влијаат на микро-климата.
Иако нестандардно за бренд што продава масовни парчиња мебел, продавницата е развиена да им служи на пешаци, велосипедисти и луѓе што користат јавен транспорт. Објаснувањето на ИКЕА е дека навиките на купувачите се драстично променети и дека се повеќе почнуваат да доминираат нови форми на мобилност без автомобили, а што е до големите парчиња мебел што ќе се купат во продавницата, ИКЕА ветува дека ќе ги испорача максимум за 24 часа.
Изградбата почна пред некој ден, а ќе заврши во 2021.
И она малку што можеше да биде паркинг околу продавницата, ИКЕА реши да го претвори во шеталиште и мини плоштад.