Оваа група историски гиганти едно време во 1913-та година, живеат во ист дел на Виена во периметар од пар километри. Никогаш нема да се дознае дали Тито некаде налетал на Фројд или пак можеби Хитлер и Сталин пиеле кафе во исто кафуле.
Сите од нив по своја работа:
Троцки и Сталин како пребегнати револуционери. Првиот, уредник на весникот Правда дури и ја опишува својата виенска средба со Сталин, кој во градот допатувал со лажен пасош на име Ставрос Пападопулос.
Фројд е веќе познат и славен како првиот човек кој ја осветли темнината на човековата душа.
Младиот Јосип Броз сè уште не е Тито и работи во автомобилската фабрика Дајмлер. Загорецот е пријатно изненаден каков живот може да ти понуди австро-унгарската плата па максимално хедонистички ја мези својата младост.
А јаден Хитлер уште тогаш е лузер кој и натаму сонува дека ќе студира сликарство иако бива два пати одбиен од Виенската академија.
Виена во 1913-та можеби не е мелтинг пот ама сепак е некаква културолошка супа, главната чинија на австро-унгарската империјална софра составена од 15-тина нации со преку 50 милиони луѓе.
Двомилионскиот град е магнет за амбициозните од целата империја па само половина од жителите се староседелци. Најголем дел од дојденците се од Баварија и Моравија а чешкиот е речиси официјален втор јазик во градот.
Во империјата се зборуваат дузина јазици. Офицерите на австро-унгарската војка морале да знаат да издаваат наредби на 11 јазици, покрај официјалниот германски.
Виена има и своја темна страна. Огромен дел од граѓаните живееле во мизерни приградски услови. Само во 1913-та, заради безперспективност, 1.500 луѓе во Виена си го имаат одземено животот.
Империјата експлодира пет години подоцна, расфрлајќи ги Хитлер, Тито, Сталин и Троцки да ја следат својата карма која ќе го обележи 20-от век.