Таг: сталин

Зошто Хитлер и Сталин го мразеле есперантото?

Јазикот, од страна на оние на кои не им одговарал светски мир и меѓународна соработката, бил прогласен за резултат на завера на комунисти, Евреи и други непријатели. Биле прогонувани и наследниците на креаторот на есперантото, кои биле убиени во холокаустот.

Внуката на Сталин е една опасна Американка

Очите ѝ се на дедо ѝ - и толку. Панкерка, по-американка - здравје, ама сака да готви боршт.

Триумфот на Југославија над СССР за кој Тито ги наградил фудбалерите по 100 долари, а Сталин своите ги казнил

Иако се работело за Олимписки игри, сепак тоа повеќе личело на политичка пресметка на две комунистички страни: Тито vs Сталин. Победниците биле херои на нацијата, а поразените, губитници кои биле деградирани.

Путин уште му чува грб на Сталин

Во целото туркање меѓу Западот и Русија, Европскиот парламент минатата година донесе резолуција која ги изедначува нацистичка Германија и Советскиот сојуз како одговорни за почетокот на Втората светска војна, истиот Советски сојуз што имаше над 27 милиони жртви во војната против Нацистите, меѓу нив и братот што рускиот претседател никогаш не го запознал.

Пијанистката што го критикувала Сталин и преживеала

Можеби ова е доказ дека и најтврдокорниот тиранин има слаба точка. Во случајот со Сталин, тоа била класичната музика, и посебно една пијанистка.

Писмо од Сталин

Телеграмата е од Москва до Кујбишев (денешна Самара), конкретно од Сталин до Шенкман и Третјаков, директорите на Завод 18 и Завод 1, фабриките за производство на воени авиони за советската армија (ИЛ-2 и МИГ-3), чие производство по преселбата од Москва во Кујбишев (резервниот главен град на СССР кога Германците ја загрозуваат Москва) не е според очекувањата.

Дали Америка е подготвена да се европеизира?

Сталин ја скова идејата за американската исклучителност а Американците тоа го лапнаа како баба пензија. Фамата за сопствената исклучителност е општо место и еден од тотемите на нивниот национализам, но на следните избори, за прпват ќе дебатираат и за тоа.

Лингвистичката врска помеѓу Сталин и Путин

Начинот на изразување во политиката е значајна вештина, а јазикот со којшто се служат политичарите е многу повеќе од комуникациска алатка. Еден од примерите за тоа е рускиот - според најново истражување современите руски политичари не зборуваат многу поразлично од оние од времето на Сталин.

Фудбалскиот дуел меѓу Тито и Сталин

Натпреварот меѓу Југославија и СССР во Финска е еден од митските симболи на политичниот судир меѓу двете комунистички спротивставени сили. Ако победиш си како крал, а поразените биле деградирани и бркани од фудбалот. Средбата била „слобода или смрт“.

Човекот кој им свиреше на Труман, Черчил и Сталин

Пред 70 години, по поразот на нацистичка Германија, тројцата водачи се сретнаа во Потстдам, близу Берлин. За нив свирел тогаш 19-годишен војник, за кого сега е направен краток документарец.

Ќерката на Сталин

По повеќе од 3 години истражување и пристап до секакви тајни документи, Розмери Саливен ја пишува биографијата за Светлана Алилуева, ќерката на Сталин, "која открива комплексна, жена која се бори со самата себе, која е тврдоглава како татко и' и интелигентна како мајка и'."

Комшилук со историска густина

Виена во 1913-та година случајно задомува шарена група луѓе кои ќе го обележат целиот тој век. Замислете ги Тито, Фројд, Хитлер, Троцки и Сталин - во исто маало.

Сталин и мачо култот

За разлика од интелектуалците Социјалисти, Болшевиците во нивните чизми и кожни јакни проектираа "аура на мажественост и решителност," објаснува историчарот Јерк Баберовски, во неговата нова книга за Сталин.