Тетовираната, 44-годишна Крис Еванс од Портланд, Орегон е будистка со своја продавница за антиквитети и е далеку од бескрупулозниот, озлогласен дедо.
Светлана Алилуева, единствената ќерка на Сталин бега од Советскиот сојуз во 1966 и се мажи за таткото на Еванс, архитектот Вилијам Весли Питерс. Најмалото од трите деца на Алилујева е родено како Олга, но избрала да го промени името.
„Мене Сталин ми беше еден од тројцата што победија во Втората светска војна - Черчил, Рузвелт и тој,“ вели таа за британски Експрес. „И тогаш, мајка ми рече да слушнам што има да ми каже. Тогаш дознав за неговите злосторства.“
Светлана која со Питерс била во брак три години, почина од рак пред пет години на 85-годишна возраст.
„Целиот живот на мајка ми се вртеше околу таа поврзаност со Сталин, а се обидуваше да води сопствен живот. Се разбира, апсолутно го осудуваше тоа што тој го правел. Но имаше период кога многу луѓе нејзе ја правеа одговорна за неговите дела и почна да верува дека можеби е и вистина тоа. Толку е неправедно.“
Еванс објавува слики од себе на социјалните мрежи, со играчка автоматска пушка на пример, ама главно се конвенционални - на пример, како прави домашна супа.
„Боршт од нула,“ вели на една слика. „Уживам да го правам. Како мајка ми да е веднаш до мене.“
За нејзе, вели:
„Секогаш беше толку горда на мене, кога не ни имав ништо постигнато, безусловна љубов што ја немам почувствувано од никој друг, бидејќи ми беше мајка и таа топлина на пријателство што веројатно ќе ја барам цел живот во другите луѓе.“