Најблискиот круг на Сталин бил составен од работници, кои свесно го создавале "пролетерскиот култ на мажественоста." Овие се луѓе кои повеќе го разбирале насилството отколку идеологијата, пишува авторот.
"Тоа бил мачо култ на убиства, на примитивност и злобност кои требало нив да ги обележат како луѓе од акција," објаснува Баберовски во книгата Изгорена земја (Verbrannte Erde).
Тој се враќа назад во детството на Сталин во Грузија, каде пријателството и честа немале исто значење како и во царската империја. Сталин им се восхитувал на водачите на банди, на борците кои безусловно ги почитувале своите команданти, каде прогон или смрт биле казна за предавството.
Според авторот, Сталин барал луѓето од неговото окружување безусловно да ги исполнуваат сите негови наредби.
Самото однесување на Сталин е типично психопатско , без никаква способност за чувствување жал и емпатија.
Како класичен пример за психопатското однесување на Сталин, тој го наведува планот за изградба на каналот кој го поврзува Белото море со Балтикот.
Каналот е направен исклучиво затворениците прогонети од Гулаг, без употреба на модерна технологија (железо, цемент, кранови...), само голи раце, лопати и дрво. Во изградбата загинале над 100.000 затвореници.
Во книгата Баберовски не го опишува директно Сталин и неговото владеење, туку фашистичкиот карактер на комплетната тогашна постава.