Уште во 2019 година Извештајот Хечингер предвиде дека Универзитетот во Чикаго ќе биде првиот што ќе ја надмине границата од 100.000 долари до 2025 година. Чикаго лани објави фиксна цена од 98.301 долари, а за идната најавува 103.821 долари, рекордна сума во САД. На листата со шестцифрени школарини се и Барнард, Клермонт Мекена, Колгејт, Дјук, Фордам, Џорџтаун, Харви Мад, Хаверфорд, Смит, Васар, Универзитет Вашингтон во Сент Луис и Веслијан.
Школарината на колеџите во САД се зголемува во просек за 5,5% за секоја академска година по 1983, далеку надминувајќи ја официјалната инфлација на национално ниво. Високото образование разви свој индекс на инфлација, но дури и според таа мерка, трошоците за колеџ растат побрзо. Истражување на Сали Меј и Ипсос лани покажа дека 79% од семејствата со приход над 100.000 долари го избришале колеџот од листата на планирани трошоци.
Овој тренд потсетува на 1976 година, кога Newsweek на насловната страница објави „Кому му е потребен колеџ?“, како одговор на зголемените трошоци за студирање и намалената вработеност.
Шестцифрената сума има голем психолошки ефект и повеќето колеџи што ѝ се приближуваат на оваа граница не сакаат да ја преминат. Затоа манипулираат со сумите, слично како и трговците на мало, кои ги спуштаат цените неколку центи под заокружена бројка.
Колеџите имаат поголем простор за маневрирање во одредувањето на крајната цена. Трошоците за сместување и оброци зависат од опциите што им се нудат на студентите. Има и сива зона за индиректните суми за „проценети трошоци за престој“. Колеџот Браун, на пример за 2026-27 година најави школарина од 99.984 долари. Трошоците за жиот се пресметани на 2.878 долари, во споредба со 2.500 долари на Харвард, 3.000 долари на Принстон и 4.500 долари на Универзитетот во Илиноис во Чикаго.
Новата генерација семејства се пред тешка задача да проценат „колеџите од 100.000 долари“ се навистина 33% подобри од оние од 75.000 долари. Колеџите продаваат неопиплив производ. Не можете да го ставите образованието на скала и да го споредите со пазарна цена. Семејствата во суштина се обложуваат дека инвестицијата ќе произведе позитивни приноси со текот на времето. Проблемот е што вербата во тие приноси се намали во последните години, објаснува Џон Бекенстед, експерт за запишување во високо образование и стратешко планирање.

Управителите на колеџите забележуваат дека на повеќето кампуси само мал број студенти всушност ја плаќаат рекламираната цена. Школарината е намалена преку стипендии и поради заслуги, без оглед на платежната моќ на семејството. Оваа стратегија е слична на купоните за попуст што ги нудат големите продавници, знаејќи дека луѓето ќе купат и нешто друго. Со стипендиите за заслуги, колеџите ги намамуваат студентите да се запишат, бидејќи сигурен помал приход е подобро од празен кревет во студентски дом.
Денес, 40% од американските колеџи нудат попусти на цените. За идните студенти тоа е предложена цена за која можат да преговараат. Во повеќето приватни колеџи околу три четвртини од бруцошите добиваат помош за заслуги.
Неколку колеџи експериментираа со „ресетирање на школарината“, намалувајќи ја објавената цена поблиску до она што многу семејства всушност го плаќаат по попустите. Но, стратегијата не функционираше толку добро како што многумина се надеваа, бидејќи новите запишувања не ги надоместуваат потенцијалните приходи од семејствата спремни да платат повеќе од ресетираната цена.
Колеџите се заглавени. Тие ирационално ја зголемија школарината премногу брзо и предолго, до точка во која им се врзани рацете, вели Бекенштет.
******
Види и: И на Харвард се претерало со десетки