"Она што треба да го разберете за Светлана е дека таа ја имаше истата решителност како татко и', и неговата интелигенција, само што таа немаше зло," објаснил нејзиниот внук, Александар Бурдонски.
Ќерката на Светлана објаснува како детството на нејзината мајка било изненадно прекинато кога Надја Алилуева (мајката на Светлана) извршила самоубиство. Тогаш Светлана имала само 6 години. Коментарот на Сталин за ова бил "таа си замина како непријател."
Во сите неволји и проблеми од животот, Светлана имала само еден сојузник, нејзината дадилка, "таа имаше Мери Попинс дадилка, жена која безусловно и ја даде својата љубов, и чувство за морал."
Таа некаде на 14 години почнува вистински да ја сфаќа улогата и моќта на татко и, кога тајната полиција го апси таткото на една нејзина школска другарка. На молба на Светлана, а по барање на сопругата на уапсениот, Сталин неволно наредува да се ослободи човекот.
Втор момент е нејзината прва љубов, Алексеј Каплер, во кој се заљубува на 17 години, а тој има 39. Нивната љубов е платонска, ама и покрај тоа цело време со нејзе е присутен телохранител, кој не ја остава сама ниту на момент.
Светлана во 1967-ма бега во САД, каде ги објавува своите мемоари, од кои во тоа време станува милионерка. "Им верува на погрешни луѓе и завршува без пари. Секој пат, таа се крева и продолжува."
Мексиканскиот дипломат Раул Ортиз, кој ја знае Светлана од времето кога таа престојува во Лондон, во книгата вели: "грешка е да се мисли дека Светлана бегала од нешто; таа всушност бегаше кон нешто, верзија на животот која биде поразлична, кога ќе ги исполни нејзините очекувања."
"Кога кумулативно ќе ги собереш сите трагедии со кои се соочила - смртта на мајка и на 6 години; апсењето и подоцнежната егзекуција на нејзината омилена тетка и тетин; 10-годишното страдање по љубовникот, постар маж кој ја имаше смелоста платонски а се зближи со ќерката на Сталин; владиното одбивање да и дозволи да се мажи со него; потоа проблемите кои и се случија во САД - каде таа ја најде силата да продолжи со животот," изјавила ќерката на Светлана, Крис, која моментално живее во Портланд и настапува како стенд-ап комичарка.