По пријавувањето во армијата, Стујарт Канин бил испратен во Европа, каде си го понел и неговиот инструмент, виолината, со зборовите „Никогаш не се знае".
И навистина излегло така, иако главниот настан во врска со неговото свирење всушност се случил по завршувањето на војната. Наоѓајќи се во Париз, каде заминал да настапува со војнички шоу оркестар, чиј член бил и славниот актер Мики Руни, тој во јули 1945, заедно со другите музичари од бендот, бил повикан во Берлин, со најава дека ќе свири пред Труман. Но од црните лимузини во Потсдам пред нивни очи еден по еден излегле и Черчил и Сталин. Тогаш сфатиле дека се на средба на тогаш најмоќните луѓе на планетата, кои се собрале за да одлучат околу иднината на поствоениот свет.
Репертоарот бил разновиден, а кога во еден момент почнале да го свират Чајковски, Сталин скокнал на нозе и извикал: „Здравица за музичарите!". Некој му подал вотка од послужавникот, а овој веројатно ја испил на екс.
Подоцна Канин станал концертмајстор во симфонискиот оркестар на Сан Франциско. Но и по повеќе од пет децении свирење, тој се уште има трема кога ќе се сети на тројцата „главешини" пред кои требало да свири со само 19 години.
Повеќе за спомените на Канин во негово интервју за NPR, како и трејлерот за филмот