Таг: трејлер

Габриел Брн за новиот филм во кој го игра Семјуел Бекет

Во интервју за Гардијан, актерот зборува за новиот филм „Прво играј“ во кој го толкува ирскиот драматург. За улогата требало да вежба дијалог со метла, но од друга страна бил пресреќен што не морал да слабее 15 килограми за да личи на Бекет. 

Бен Кингсли го игра Салвадор Дали во „Далиленд“

После улогите на Махатма Ганди (за којашто доби Оскар) или Жорж Мелиес или Димитриј Шостакович, Кингсли впишува уште еден јак лик во својата актерска биографија. Предизвикот е уште поголем поради партнерката во улогата на сопругата на Дали, Гала.

Од сега ќе може да се тужи за трејлер кој создава лажни очекувања

Обожаватели на кубанско-американската актерка Ана де Армас (најпозната по својата улога на Мерлин Монро во „Русокоса“) поднеле тужба до продуцентите кои ги измамиле дека таа глуми во филмот „Вчера“ од 2019, со тоа што ја вклучиле во трејлерот. Всушност, нејзиното појавување било сецнато во конечната монтажа.

Селото во кое сите добиле на лото - освен еден човек

На 22 декември 2011 шпанското село Содето преку ноќ се трансформирало од мало место во кое луѓето се занимавале со земјоделие во богата енклава. Причина - сите жители во исто време добиле на лото. Сите, освен еден.

Нов документарец за скандалозниот недовршен роман на Труман Капоти

Филмот, чија премиера се планира за 29 јануари, ќе биде посветен на „Услишени молитви“, романот кој Капоти никогаш не го завршил.

Зошто Рут Бадер Гинзбург е легенда?

25 години помеѓу судиите на Врховниот суд на САД. Втора жена која е избрана на ваква функција во историјата на американското судство. Рут Бадер Гинзбург е една од иконите на американската борба за човекови (посебно женски) права. Почина на 18 септември на 87 години.

Катаплексија: кога луѓе паѓаат во несвест од среќа

Филм со ироничен наслов „Ода на радоста“ е направен врз основа на вистинска приказна за човек кој не смее да си дозволи да се израдува. 

„Биосферијанци“ - осуммината кои во 1991 се изолирале од светот

Нов документарец под наслов Spaceship Earth, чија премиера е закажана за утре, 8.5, ја раскажува приказната на осум луѓе кои пред 30 години влегле во огромна купола, структура наречена Биосфера 2 (затоа што број 1 била Земјата). Изолацијата сепак си го направила своето.

Оригиналната приказна за Дамбо најпрвин била замислена како книга на „скролање“

Наскоро во кино салите низ светот ќе се случи премиерата на нов филм за ушлестиот Дамбо, во режија на Тим Бартон. Претходниот, анимиран, беше од 1941. Но пред него Дамбо требала да биде објавена во необичен формат, чија современа асоцијација би била „со скролање“.

Приказната за првиот филм режиран од слеп човек

Ваков филм би требало да привлече повеќе внимание отколку што тоа го направил „Бункер“. Работата е што никој не верувал дека Џозеф Монкс навистина го сработил. А овој вели дека го правел „со затворени очи“, водејќи се од сетилото за слух и довербата во актерите.

„Црно огледало: Бандерснеч“ (2018)

Серијата, која ја прогласивме за едно од најдобрите нешта што ѝ се случиле на популарната култура во последнава деценија, со овој филм преоѓа во долгометражни проекти. Но премиерата на првиот, кој на Нетфликс се емитуваше вчера, 28.12, не ветува.

„Кеди“ (2016)

На почеток изгледа дека овој филм би им се допаднал исклучиво на љубители на мачки. Но како што тече, сфаќате дека тој не е (само) за мачките на Истанбул, и не е само за неговите жители кои се грижат за нив. Тој е за сите луѓе кои сè уште веруваат во соживот со други суштества, без оглед дали тие се со крзно и опаш, и дали предат или не.

„Девојките на Златна зора“ (2017)

Норвешки документарец за парламентарните избори во Грција од 2015, кога екстремно десничарската Златна зора беше трета по број на гласови. Но повеќе од тоа, ова е филм за женските ликови во приказната, моќни и целосно предадени на каузата.

Врвна најава за новиот Football Manager 2019

Редизајниран и ребрендиран, новиот Football Manager 2019 официјално ќе излезе на 2. ноември. Трејлерот е преубав.

Последниот филм на Роберт Редфорд пред пензија

Деновиве, колку да сочуваме здрав разум и да се потсетиме дека на светов има и други теми, гугламе „наши“ луѓе за да видиме како се и што прават. Така дознавме дека еден од нив - Том Вејтс - снима филм со Роберт Редфорд, под наслов „Стариот човек и пиштолот“.

„Мојата генерација“: сер Мајкл Кејн сними документарец за ’60-тите

„Е деца, у мое време..“. Кејн ги има и годините и харизмата за вака да ги почнува речениците. И реално да има што да раскаже. Оттаму и не е чудно што решил да сними филм на оваа тема.

„Пост“ (The Post, 2017)

Oд моментот кога Спилберг го прочитал сценариото, до премиерата, поминало помалку од една година. Итноста на темата, за републикански претседател кој води војна со медиумите, ги мотивирало сите во екипата не само да побрзаат, туку и одлично да ја завршат работата.