Писмо од Сталин

Телеграмата е од Москва до Кујбишев (денешна Самара), конкретно од Сталин до Шенкман и Третјаков, директорите на Завод 18 и Завод 1, фабриките за производство на воени авиони за советската армија (ИЛ-2 и МИГ-3), чие производство по преселбата од Москва во Кујбишев (резервниот главен град на СССР кога Германците ја загрозуваат Москва) не е според очекувањата.

До директорот на Завод 18 Шенкман
До директорот на Завод 1 Третјаков

Ја разочаравте нашата земја, нашата Црвена армија. Се уште не се трудите да произведувате ИЛ-2. Авионите ИЛ-2 и се потребни на нашата Црвена армија како воздух, како леб. Шенкман произведува еден ИЛ-2 на ден, Третјаков произведува еден-два МИГ-3 на ден. Ова е подбивање со нашата земја, со Црвената армија. Ни требаат МИГ-3 и ИЛ-2 ако Завод 18 мисли дека може да и се одолжи на земјата со произведување на еден ИЛ-2 на ден тогаш многу греши и ќе ја плати казната. Барам од вас да не направите владата да го изгуби своето трпение. Барам од вас да произведувате повеќе ИЛ-ни. Предупредување по последен пат.

Сталин

Телеграмата е од 23 декември 1941, неполни 6 месеци по почетокот на германската инвазија на СССР.

До почетокот на Битката кај Курск, 5-јули 1943, на фронтот пристигнуваат по 1.000 ИЛ-2 авиони месечно. Во текот на војната произведени се вкупно 36.000 ИЛ-2 авиони.

Телеграмата:

 

20 август 2016 - 16:56