Југославија и СССР требало да го играат најтешкиот меч во историјата бидејќи тоа биле вторите Олимписки игри по Втората светска војна и први за Русите. Европа сè уште не можела да ги излечи раните од војната, а тензијата меѓу Сталин и Тито била уште поголема особено откако Југославија потпишала договор за соработка со САД.
Во една таква атмосфера на Олимпијадата во Финска 1952 учествувале спортисти од 69 земји. Осминафиналниот дуел меѓу Југославија и СССР е запаметен како најисполитизираниот фудбалски натпревар во историјата. Тоа било повеќе од игра која се делела на херојство и срам.
Градскиот стадион во Тампере почнал да се полни порано и тоа до крај, 17.392 гледачи, а Финците повеќе скандирале за Тито. Во соблекувалните имало огромна нервоза кај двете страни. Се мотале амбасадори и други луѓе со кожни капути, а повеќе се зборувало за политичкото значење на мечот отколку за тактиката на терен.
Се читале и телеграмите на работниците и се претпоставува дека пристигнале околу 3.000. Играчите биле најуплашени кога пристигнала телеграмите на претседателите. Тие не биле само репрезентативци, туку и претставници на својата земја, народ, влада и партија.
„Сега ти да одиш да играш кога ќе ти прати телеграма Тито, нозете ни се пресекоа“, рекол Владимира Беара, голманот на Југославија.
„Леонид ние сме денес гладијатори. Ќе се игра до смрт“, се потсеќа рускиот фудбалер Леонид Иванов кога му пришол некој од соиграчите.
„Момци денеска за луѓето дома ќе станеме херои или кукавици“, изјавил Златко Чајковски.
Во првото полувреме сините доминирале во сите сегменти од играта и за 15 минути преку Митиќ, Огњанов и Зебец воделе со 3:0. Русите биле потиштени и освен мотивирачки политични говори, во соблекувалната се зборувало и како да се сопре Вукаш.
Југословените биле насмеани, расположени и во второ полувреме до 59 минута имале водство од 5:1. Грмеле и коментаторите на радио преносите кои се слушале и во Маршалатот. Но потоа од 75 минута до 90-та на фудбалерите на Југославија им се случил блек аут. Русите успеале да стигнат до 5:5. Мечот бил епски.
„Наеднаш почувствуваме некој страв од толкавото водство. Да беше помало можеби ќе ни беше полесно и ќе го сочувавме, но вака бевме некако немирни“, изјaвил Беара.
Во продолженијата од мечот играчите и на двата тима изгледале исцрпено и едвај чекале судијата да свирне крај.
„Бевме без душа и не можевме да дишеме, а камо ли да трчаме. Бевме празни и психички, а ни беше страв и да не загубиме“, изјавил Стеф Бобек.
Според тогашните правила по нерешениот резултат немало пенали и за два дена на истиот стадион пред ист број на љубопитни гледачи се играл нов натпревар. Русите повеле уште во 6 минута, но за целосен пресврт 3:1 се погрижиле Рајко Митиќ, Златко Чајковски и великанот на хрватскиот фудбал Бранко Зебец.
Тоа било голема идеолошка победа во време на големите политични страсти кога за малку се останувало без глава. Југославија стигнала до финале, но не успеала да го освои златниот медал. Прво место биле Унгарците, но Тито не бил разочаран и кога репрезентативците се вратиле дома им честитал и им дал по 100.000 долари награда.
Радиопреносот од Тампере го прателе рекордни број на слушатели, а го пуштале по улици, фабрики и железнички станици и тоа на цел глас, а се зборува и дека за време на преносот од срцев удар имало и три жртви.
„Кога еден руски играч во продолженијата од првиот меч испрати една бомба, онемев и мислев дека ќе биде чист гол. Не можев ништо да изговорам, но за среќа топката удри во статива“, вели коментаторот Хрвоје Мацановиќ.
Мечот бил толку важен што резултатот од втората средба во Русија се дознал неколку години после смртта на Сталин. Поразите во тоа време биле забранети. За тој меч прв пат јавно зборувал Бобров во едно интервју 11 години потоа. За првиот меч пишувало во само еден московски весник, но само за имињата на играчите и стрелците.
Мечот се претворил во трагедија за СССР, меѓутоа кога играчите се вратиле во Москва се очекувало да ги уапсат тврди репрезентативецот Јурил Нирков, но на станица никој не ги пречекал и потоа полека со спуштени главни сите си заминале дома.
Сепак Сталин нашол начин како да го истури својот бес. Репрезентацијата на СССР била распуштена и за казна не се натпреварувала на квалификациите за СП 1954 година, исто како и CDKA, војниот клуб на Црвената армија каде играле најголем дел од репрезентативците.
Две години по смртта на Сталин, клубот бил вратен под името ЦСКА кое го носи и денеска, а во Југославија играчите добивале привилегии од Тито и тој им одобрил на некои од нив како Вукаш, Зебец и Беара да играат во странство.
Извор: jutarnji