Таг: Јосип Броз Тито

Објект 99, најскапата вила на Тито

Објект 99, Вила Извор, Титовата вила, се имињата за некогаш најскапата вила во портфолиото на Јосип Броз Тито со површина од 6.500 метри квадратни (ако ви е полесно - 65 станови по 100 квадрати) сместена во близина на Плитвичките езера. Официјалното име и е Зграда на републичкиот протокол, додека приказната зад името „Објект 99“, наводно, е доста помрачна.

Денот кога играчите на Ѕвезда и Хајдук плачеа за смртта на Тито, а некој и се смееше

Голот висеше во воздухот, Звезда играше добро, извикуваше „каков Тито“, а потоа луѓе непознати за играчите стапнаа на теренот и му рекоа на судијата Мухаремовиќ да го прекине натпреварот.

Триумфот на Југославија над СССР за кој Тито ги наградил фудбалерите по 100 долари, а Сталин своите ги казнил

Иако се работело за Олимписки игри, сепак тоа повеќе личело на политичка пресметка на две комунистички страни: Тито vs Сталин. Победниците биле херои на нацијата, а поразените, губитници кои биле деградирани.

Како Тито не го пуштил Шекуларац кај Ањели во Јувентус

На 81 година, во саботата наутро во Белград почина легендарниот уметник со фудбалската топка Драгослав Шекуларац. Освен фудбалот, голема страст му биле уште и коцката и кафанските седенки.

Тито ги издигна Хрватска и Словенија на сметка на Србија?

Омиленото балканско хоби - претурање по историјата, само што доби интервентна доза стероиди во форма на 12 милиони страници документи на ЦИА од кои е тргната ознаката државна тајна, а таму: Тито, СФРЈ, Србија, Хрватска, Словенија.

Како Тито ги насамари Американците, или не

Документарецот на ХБО Европа, Хјустон имаме проблем, покажува како Тито го измамил Кенеди и за 2,5 милијарди долари му ја продал нефункционалната југословенска вселенска програма. Сето ова звучи запрепастувачки се додека не седнеш да го анализираш филмот.

Сплитски Хајдук како симбол на отпорот

Го одбиле Мусолини да играат во италијанската лига, не го прифатиле предлогот на Тито да се преселат во Белград и бидат клуб на војската а заслугите за отпорот кон фашизмот им донел голема почест од легендарниот Шарл Де Гол.

Фудбалскиот дуел меѓу Тито и Сталин

Натпреварот меѓу Југославија и СССР во Финска е еден од митските симболи на политичниот судир меѓу двете комунистички спротивставени сили. Ако победиш си како крал, а поразените биле деградирани и бркани од фудбалот. Средбата била „слобода или смрт“.

Тажниот ден на југословенскиот фудбал во Сплит

Три збора од спикерот на стадионот беа доволни сите присутни да се расплачат на денешен ден пред 35 години кога се прекина дуелот Хајдук Сплит - Црвена звезда. Причина беше смртта на Јосип Броз Тито.

Анти-југословенски постери од СССР

Главниот лик со капата е истиот што во тоа време е главен лик на овие простори - ЈБТ. Неговите најголеми гревови во тоа време се преголемата отвореност кон Западот (како во економија, така и во култура) за што добива статус на генерално зло, предавник и нов тип на фашист. Период 1949 - 1951.

Тито и ја

Мамицата... Поминаа триесе и кусур години како мојот Дедо Маршал Тито пат под нога отиде да лови стаљињисти по шумама и горама, а ја никако да престанам да си го барам дедето назад. Ем го барам него, а ем и она што никој после него не го спозна како алатка за управување на широки народни маси. На никој не му текна дека територија, а и тоа во неа не се управува брзопотезно. На никој не му текна да поседува нешто што се вика трпение. Тоа беше на Тито браварскиот клуч што дваесе и два милиони срца отвара, а по потреба богами и затвора.