Поентата е дека Југославија токму благодарејќи на оваа зделка го доживува својот економски бум. Како што објаснува Ненад Полимац во Јутарњи "доколку добро го познавате овој период ќе забележите дека режисерот не е премногу прецизен во датирање на своите материјали."
Па така, самиот режисер на филмот Жига Вирц (кој со брат му Бојан го пишуваат сценариото) и најпрецизно го дефинира жанрот - документарец фикција со играни елементи.
Приказната во документарецот почнува со претставување на извесен Иван Павиќ, вселенски инженер кој во 60-те заминува на тајна задача во САД, и дури сега за прв пат се враќа назад во татковината (Хрватска). Наводно откако Тито му ја продава неисправната вселенска програма на Кенеди, тој испраќа и 26 инженери да ги поправат сите пропусти. Меѓу нив е и Павиќ.
Полимац има забелешки на добар дел од "фактите" што се презентираат во филмот, а кои се базираат на документарни снимки со кои располагал режисерот. Така, во документарецот патувањето на Тито со Галеб до Мароко има многу поинаква цел отколку собирањето на Неврзаните како што е официјалната верзија на историјата. Слично и честите посети на американски претставници и претседатели на Југославија не се должеле на задржување на нивното влијание во регионот, туку доаѓале за да се ценкаат со Тито, барајќи да им ги врати парите што ги платиле за неисправната програма.
"Доколку добро го познавате овој период ќе воочите дека режисерот не е претерано прецизен во датирање на своите материјали, за несреќа, филмот на загрепската претпремиера беше прикажан во ИМАКС салата, на чиј голем екран одма се препознаа лажните колажи, а во премногу наврати има тарашкање низ историјата. Поинаку не ни можеше да биде, но треба да се признае дека за неупатениот, а посебно за странскиот гледач, кој едвај знае дека постоела Југославија, сето ова ќе биде доста уверливо," пишува Полимац.
Трејлер од документарецот: