Како Тито не го пуштил Шекуларац кај Ањели во Јувентус

На 81 година, во саботата наутро во Белград почина легендарниот уметник со фудбалската топка Драгослав Шекуларац. Освен фудбалот, голема страст му биле уште и коцката и кафанските седенки.

Драгослав Шекуларац важел за еден од најдобрите фудбалери во време на Пеле, Еузебио и другите легендарни и планетарни ѕвезди.

Шеки, како што од милост го викаа навивачите на Црвена звезда во својата кариера освен за црвено-белите од „Маракана“, играл и за германскиот Карлсруе, колумбискиот Санта Фе, американскиот Сент Луис, францускиот Париз, српскиот клуб Бели орли од Торонто и за репрезентацијата на Југославија.

Шекуларац имал диплома од метеоролошка школа и висока тренерска школа. Изминатите години даваше многу интервјуа за разни медиуми. Откако на 11 години го запишале да тренира фудбал во Црвена звезда, тој за кратко време ги убедил тренерите и останал во клубот за чиј прв тим дебитирал после пет години.

Набрзо станал фудбалска ѕвезда на Белград и многу популарен во сите ресторани и барови. Права атракција. Во летото 1959 година, кога веќе ја потврдил својата класа, го барала пола Европа. Најзаинтересиран бил легендарниот адвокат и шеф на гигантот ФИАТ и Јувентус.

„ На 21 година добив понуда од Џани Ањели, сопственикот на автомобилската индустрија FIAT, од Звезда да преминам во неговиот Јувентус од Торино. Цената беше неверојатна: На Звезда и понудија 500.000 долари, а мене 750.000 долари, раскажувал Шеки во едно интервју за белградска ’Политика’ и додал:

„Звезда ја прифати понудата на Ањели кој лично за мене дојде во Белград.

Но нашите тогашни политичари, на чело со Тито и во прв ред Александар Пенезиќ (шеф на озлогласената полиција ОЗНА) и Слободан Пенезиќ-Крцун (министер на полиција) немаа чест ниту лично да се сретнат со Ањели, па веројатно поради љубомора, не ми дозволија да отидам во Италија. Ранковиќ сакаше Ањели освен за трансферот, да вложи и во некои државни работи кои немаа врска со фудбалот. Три дена се договаравме во хотелот Метропол во Белград и чекавме дозвола од врвот. Нивниот став беше дека со своите игри треба да го забавувам нашиот народ а не Италијанците. И така не потпишав со Јувентус. Но, несреќата никогаш не доаѓа сама...“

ШТО БИДНАЛО?

„Непосредно после тој настан со Ањели, во Ниш на мечот Раднички - Црвена звезда, огорчен од судењето, кренав рака на судијата Тумбас. Го промашив, но во ’Политика’ објавија слика како со тупаница сакам да го удрам судијата. Казната беше сурова: забрана за играње фудбал од 18 месеци!

После Црвена звезда, Шекуларац цели пет години играл фудбал во Колумбија каде го засакале како идол а едно време играл и во Америка и Германија.

 

Реномираните светски медиуми пишуваа за смртта на Драгослав Шекуларац: