На 1-ви октомври во четврток, Хајдук одбележува јубилеј којшто многу зборува за неговата богата историја и важното место во европскиот фудбал. Сплитските Били денес нема да се сеќаваат на некој освоен трофеј или голем триумф против некој европски великан, ниту на датумот на раѓање на некоја клупска легенда. Ништо од тоа.
Хајдук денес одбележува 70 (седумдесет) години откако е прогласен за почесен спортски колектив од тогашната Слободна Франција, синоним на демократско и слободно друштво. Настанот од 1945. година, веднаш по падот на нацистичка Германија во Хајдук се слави како еден од најголемите настани.
Приказната за отпорот кој го прославил Хајдук датира година дена порано, во мај 1944. година кога градот Сплит бил под италијанска окупација. Хајдук се обновил како екипа на слободната територија на островот Вис, после што тргнува на турнеа која што траела до завршувањето на Втората светска војна.
На турнеата Хајдуковци ќе играат против екипи од три континенти, ќе патуваат на Блискиот Исток и во Африка, но најголемо внимание ќе предизвика нивниот дуел против британската војска во Бари каде на стадионот се собрале 40.000 гледачи.
Пред заминувањето за Либан, на 27 мај 1945-та година, експедицијата на Хајдук ќе ја прими главниот командант на француските воени сили на Левант, генералот Хумболт. На Хајдук му е врачена плакета со која е прогласен за почесен спортски колектив на Слободна Франција. Плакетата ја авторизирал, ја потпишал и ја одобрил легендарниот француски генерал и претседател Шарл де Гол.
Французите имале посебна почит за напорите на Хајдук во анти-фашистичката борба за време на најкрвавата војна во историјата. Франција имала високо мислење за Хајдук, затоа што за време на Втората светска војна ја одбил понудата на италијанските фашисти да заигра под нивно знаме во италијанската Серија А и да го смени името.
Хајдук одлучно го одбил Мусолини, а потоа следувал негативен одговор и на понудата на Анте Павелиќ првиот претседател на НДХ (Независна Хрватска држава). Симбол на непокорот Хајдук станува кога го одбива Тито да се пресели во Белград и да стане воен клуб и ударна тупаница на КПЈ.
Точниот датум кога Хајдук го слави овој јубилеј е 27 мај, и прославата првично требала да се одржи во склоп со турнирот Св. Дује којшто традиционално се одржува на Пољуд во мај. Меѓутоа, управата на Хајдук реши годинава турнирот да се одигра во септември, а одбележувањето ќе се одржи во рамките на Рандеву (Rendez-vous) фестивалот на Франција кој во Хрватска трае од мај до септември.
Via: Слободна Далмација