Динамо Загреб во рок од 5 дена два пати го добива дербито против Хајдук и на тоа на гости со идентични 0:1. Во саботата во првенство, синоќа во полуфиналето од Купот. Торцида очигледно не можеше тоа да го поднесе и влета после мечот на терен. Играчите на Динамо бегаа во соблекувална.
Александар Трајковски ќе има убави спомени од првото хрватско дерби како играч на Хајдук. Влезе како џокер и асистираше за победа на големиот ривал Динамо Загреб.
Хрватскиот прволигаш, како и нивните навивачи се истакнаа со потег број 1 од кој може да учат и поголеми клубови. На момчето по име Лука му подготвија такво изненадување, што кога го слушнал не можел да спие од возбуда.
Го одбиле Мусолини да играат во италијанската лига, не го прифатиле предлогот на Тито да се преселат во Белград и бидат клуб на војската а заслугите за отпорот кон фашизмот им донел голема почест од легендарниот Шарл Де Гол.
Во 1. коло од хрватското фудбалско првенство во недела на Максимир од 19 часот играат Динамо и Хајдук. По апсењето на браќата Мамиќ, навивачката еуфорија се враќа меѓу Хрватите.
Прославениот хрватски клуб Хајдук во петокот беше на чекор до стечај, но навивачите успеја да го спасат својот миленик. Под голем притисок од навивачката група „Торцида", градските власти решија да одобрат гаранција за кредит.