Петковиќ со смирен тон кон БББ, Ристовски им носеше вода

Динамо Загреб во рок од 5 дена два пати го добива дербито против Хајдук и на тоа на гости со идентични 0:1. Во саботата во првенство, синоќа во полуфиналето од Купот. Торцида очигледно не можеше тоа да го поднесе и влета после мечот на терен. Играчите на Динамо бегаа во соблекувална.

Големото хрватско дерби не помина мирно за разлика од претходниот дуел и овој пат и се отвори многу работа на полицијата и на терен и надвор од стадион.

По последниот свиреж на судијата домашните навивачи ја пробија заштитната ограда и влетаа со бакљи на терен, а потоа се стрчаа накај трибината каде беа сместени гостинските навивачи.

Полицијата возврати со солзавец и успеа да спречи голем судир меѓу Тордица и Бед Блу Бојс. 

Ескалација можеше да има и ако домашните навивачи стигнеа до играчите на Динамо кои беа под трибината да слават, но веднаш избегаа кога го забележаа упадот.

Откако завршија брканиците на терен, Бруно Петковиќ им се заблагодари на навивачите на Динамо за поддршката и повика на смиреност, а во кусиот говор кажа дека надвор имало и повредени.

Стефан Ристовски им носел вода на БББ поради тоа што полицијата долго ги држела на трибина после завршувањето на мечот.

Хрватските медиуми објавија и видео на кое се слушаат револтирани гледачи од односот на специјалните кон навивач кој до држат легнат на земја.

Инаку во второто полуфинале од хрватскиот Куп и Ријека синоќа славеше 0:1 против Локомотива. Финалето Динамо Загреб - Ријека се игра на 15 мај во Загреб, а реваншот е на 30 мај.

Малку чудно, но во Купот на Хрватска во полуфинале се игра по еден меч, а во финале по два.

4 април 2024 - 08:49