Фудбалерите на Хајдук Сплит вчера тренираа со шарени чорапи во чест на Светскиот ден на децата со Даунов синдром, а имаа и посебен гостин и голем навивач на клубот уште од мали нозе.
Тоа е Лука Бучевиќ кој заедно со тренерот и другите членови на стручниот штаб го водеше тренингот.
Но тоа не е целата новост и радост за големиот навивач на Хајдук. Тој доби понуда да работи во Хајдук, како дел од младинскиот сектор. Потег за почит со кој Хајдук ја покажа својата големина како клуб.
„Се разбира дека сите сме пресреќни, посебно Лука. Не можеше да спие чекајќи го со голема возбуда првиот работен ден. Тој ќе помага на тренинзите со младите надежи, а тоа го предложија во Хајдук. Идејата е децата кои тренираат, на тој начин да сфатат дека постојат и малку поинакви деца кои треба да ги прифатат без разлика што имаат посебни потреби“, вели таткото на Лука.
Во целата оваа убава и топла приказна се вклучи и навивачката група Торцида која напиша:
„Постојат некои деца кои знаете се раѓаат со малку поинакви хромозоми. Всушност само со еден. Дваесет и првиот. Ништо посебно. Еден помалку – повеќе.
Но внимавајте, тие немаат ништо помалку кај нив, како што некои велат, туку имаат повеќе. Добиваат љубезност која ние не ја носиме во себе. Добиваат искреност, како што ние не познаваме во нашата глава. Носат огромна љубов. Расположение.
И знаете што? Не се они различни. Ние сме. Бидејќи не го разбираме животот и сме блокирани со нашата глупост. Затоа што не гледаме со срце, туку рангираме според некои други норми. Ни сме, како да ви кажеме. Замрзнати. А они? Со чист благослов“.