Градот Сплит, Хајдук, Торцида и Хрватската музичка унија организаа спектакуларно испраќање на легендарниот хрватски пејач Мишо Ковач, кој почина на 31 октомври на 86 годишна возраст. Присуствуваа и неговото семејство, колеги музичари, пријатели и државни претставници, меѓу кои и премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ. Хрватската влада го прогласи тој ден за Ден на национално сочувство.
Овој стадион има култна симболика за Мишо Ковач, особено по неговиот легендарен и многу емотивен концерт „Noć svijeća“ (Ноќ на свеќите) во 1993 година.