Македонскиот напаѓач влезе на почеток на второто полувреме и во 59-та минута со глава му ја спушти на Емир Сахити за победа од 1:0.
Адеми одигра половина час, а Стефан Ристовски не настапи поради повреда.
Александар Трајковски кој по 12 години се врати во хрватскиот фудбал откако играше за Интер Запрешиќ, беше оценет со 6.9.
Хајдук сега има 7 победи и 2 порази и е прв со 21 бод. Ријека има 19, а Динамо Загреб 16.
Навивачите на Хајдук се истакнаа со огромна и прекрасна кореографија распослана на две трибини и напишаа 100.000.
Со тоа сакаа да го посочат историскиот подвиг од 100.000 продадени членски карти кој го одбележаа пред само неколку дена.
Веќе се 100.908 продадени членски со кои на клубот му донесе 1,6 милиони евра.
Во својата 112 годишна историја за прв пат доаѓаат до вакви бројки, кои се уште пофасинантни ако се знае дека Сплит има 160.577 жители.
„Бројката што денес ја напишавме заедно во историјата е токму тоа сведоштво за поддршка, одраз на нераскинливата врска меѓу навивачите и клубот, наклонетост преведена на јазикот на бројките и насока за иднината во која оваа бројка несомнено ќе расте. Сто илјади членови се чест и привилегија која малку клубови ја имаат, а во исто време е обврска за сите да бидеме достојни за името што не обедини во уникатното семејство Хајдук. Со гордост да ги носиме неговите симболи и да ја истакнеме нашата припадност, додека нејзините вредности, име и бои, ги браниме и чуваме, ги пренесуваме на идните генерации, а на овој пат не води херојството, храброста, чесноста, другарството. Пркос на моќните, заштита на слабите“, напишаа од клубот.
Derby Win ✅
— Aleksandar Trajkovski (@ATrajkovski17) October 1, 2023
+3 Points ✅
For Split, for our team, for OUR FANS. 🔥⚪️🔴
| #Hajduk #SamoHajduk #Split #SuperSportHR pic.twitter.com/6ltfDVMhAy