Тито релативно често држел говори во јавност, но секогаш со одреден повод, држејќи се строго до темата, без импровизации. Дали бил претпазлив или едноставно немал дарба за јавно говорништво?
Неодамна на Фестивалот на медитерански филм во Сплит се одржа премиера на филмот „Ел Шат - нацрт за утопија“ на документаристот Иван Рамљак. Станува збор за приказна за политички настан без преседан во глобални размери во текот на Втората светска војна, за кој упорно со години се молчело.
Вчера, 17.1, излезе книга која регистрира историја на земја која повеќе не постои и на музички жанр кој, велат, не е мртов. Таа содржи интересна приказна, за тоа како песна снимена во 1981 од млад панк бенд од провинциска Англија станала славна во некогашна Југославија.
Додека во СССР и поголемиот број други источноевропски земји водачите и комесарите ја контролирале младинската култура како начин да ја задржат својата моќ, во Југославија комунистите им ја понудиле културата на своите граѓани, посебно на младите, како издувен вентил низ кој можеле да ги намалат општествените трауми и да создадат илузија на слобода.
Комунистичката партија го смени од функцијата претседател и целосно го исфрли од партија Јошка Броз. Неговиот дедо своевремено на "бомбашкиот процес" изјави "Не го признавам овој суд, јас го признавам само судот на својата партија!" Овој па ни тоа не признава.
Велес можеби го заборави ама Индија не. Таму Тито со децении е едно од најпопуларните странски имиња кои им се даваат на деца. "Свесен сум за Титовата големина, се надевам дека еден ден ќе бидам достоен на името кое го носам", вели музичарот Тито Гуха.
Лордан Зафрановиќ е еден од најпродуктивните изданоци од прочуената прашка школа од која излегоа дузина добри режисери. Темите ги бира според стравот, што би можело да се случи а треба да е предупредување за гледачот. Заради филмот за Јасеновац, имаше сериозни проблеми со режимот на Туѓман заради кој мораше и да ја напушта својата земја и да живее во Париз и Прага.
Вчера, 24.5, во Кумровец беше отворена изложба „Фото-Тито", збирка аматерски фотографии на другарот и претседател. Meѓу неколкуте очигледни варијации на еден ист мотив (Јованка, пудлици, Крлежа), човекот сакал и самиот да си се слика.
Виена во 1913-та година случајно задомува шарена група луѓе кои ќе го обележат целиот тој век. Замислете ги Тито, Фројд, Хитлер, Троцки и Сталин - во исто маало.
Предлог за скулптури кои ја симболизираат минливоста и на уметноста, и на историјата. И кои, за разлика од други материјали, вршат цивилизациски корисен акт - на миење раце.
Сценаристот Лучијано Секи и цртачот Роберт Равиола, попознати под псевдонимите Макс Бункер и Магнус, во мај 1969. во Италија го покренаа стрипот „Алан Форд". Во бивша Југославија во 1972. загребски „Вјесник" го објави првиот број на српскохрватски јазик.