Тито во Индија беше како рок ѕвезда

Велес можеби го заборави ама Индија не. Таму Тито со децении е едно од најпопуларните странски имиња кои им се даваат на деца. "Свесен сум за Титовата големина, се надевам дека еден ден ќе бидам достоен на името кое го носам", вели музичарот Тито Гуха.

Иако во Индија бил само еднаш, Тито таму е едно од омилените имиња уште од 40-тите и 50-тите години на минатиот век.

“Знаеш ли дека тројца мои вујковци, двајца роднини и неколкумина познаници се викаат Тито?, прашал еден индиски ноинар свој колега од Србија. 

Јосип Броз бил во Индија на Нова година 1954-1955, на покана од невзаниот побратим Џавахарлал Нехру.

Постоеле два брана на давање имиња по Тито: кон крајот на 40-тите и 50-тите години како и после 1980-та, по неговата смрт. 

Името ми го даде дедо ми. Беше голем почитувач на маршал Тито. Милиони луѓе од таа генерација го почитуваа Тито. Мислам дека ми го даде тоа име очекувајќи да бидам голем како него", вели Тито Саха, ИТ експерт во 40-ти години од животот.

"Мене по Тито ме крсти баба ми. Тито тие години бил како рок ѕвезда во Индија. Луѓето беа опчинети од неговата харизма и гламур", вели 20-тина години помладиот Тито Рој.

Но, влијанието сепак било двонасочно. Како што посетата на Индија беше формативна за Битлси, така и Тито по враќањето од таму укинува доста ограничувања за црквите и духовните институции во СФРЈ.

Во Индија и доста локали го носат неговото име, веројатно по нивните сопственици а по него се вика и една од најпрометните улици во Њу Делхи.

Од останатите историски личности по кои Индијците даваат имиња на своите деца може да се сретнат и Александар Македонски, Наполеон, Сталин, Ленин, Јулие Цезар, генералите Ромел и Жуков.

29 септември 2016 - 17:26