Дали сте задоволни со изборот на Колинда Грабар Китаровиќ и влезот на Хрватска во ЕУ?
- Ма какви! Приемот на Хрватска сите го поздравивме но тоа е земја на периферијата на Европа и оставена на страна. Сè се одвива на некој национален план, доволно е да кажеш дека си Хрват и тоа е крај и почеток на сè. Не верувам дека без некои коренити промени во таа структура која би требало да ја води таа држава, може нешто подобро да се случи во наредните 20 години.
Како би ги оцениле политичките гарнитури во земјите од поранешна Југославија? Мислите ли дека народите на тие земји имаат шанси за подобра иднина?
- Немавме никаква политика по распадот на Југославија. Настана грабеж. Поранешните раководители се префрлија во националистички партии, бившите комунисти станаа националисти. Гангстери дојдоа на власт и ги ограбија сопствените народи. На власт е политичка мафија која е организирана по принципот "јас тебе, ти мене". Ако го погледнете само Туѓман, неговиот мал внук немаше ни 20 години кога доби да води банка. Другиот син му стана голем продуцент а ќерка му водеше 2-3 големи фирми. Како преку ноќ да се направат 100 богати фамилии ако не пљачкаат? Не е можно тоа, богатства се создаваат со векови. За жал немаме политички елити и додека не се формираат авторитети кои со своето дело гарантираат дека ќе биде подобро за народот, дека ќе се борат за социјално подобрување, до тогаш ќе нема ништо. До тогаш сите ќе пливаат во националноста.
Направивте многу интерен серијал за Тито. Рековте дека е историски факт дека тој направи автентична земја и народи. Дали сте југоносталгични?
За човек кој ги минал тие два система, значи системот во кој Тито со својот авторитет ја држеше земјата заедно и системот на капиталистичкото распаѓање нс Југославија, не можете да кажете дека е југоносталгичен. Сите цивилизации, кога се на самиот свој врв, паѓаат, се претвораат во пепел и веќе ги нема, ги наследува нешто друго.
Титовата Југославија беше врвот на цивилизацијата на тие несреќни народи и мислам дека никогаш повеќе во историјата нема да бидат на тоа ниво, со тој углед, со таа сила, со таа социјална ситуација во која беа бесплатни школувањето, болниците, летувалиштата, кога цветаше уметноста.
Критичен сте кон состојбата на уметноста, состојбата на духот. Како работите да се менуваат?
- Немам формула за тоа. Единствената формула е во своите дела да пробате истрајно да се борите против злото и на некој начин да го прикажувате, да предупредувате на него, дека треба тоа, едноставно, да се искорени.
*целото интервју тука