За Титовите односи со јавноста се грижеле неговите шефови на кабинетот, протоколот и личниот „аѓутант“. Тие се менувале на секои неколку години. Никој не требало премногу долго да биде во непосредна служба на претседателот, а обично најблиските соработници здивнувале откако ќе се ослободеле од таа работа која била извонредно напорна. Еден единствен човек кој лично соработувал со Тито четврт век се викал - Блажо Мандиќ. Се вели дека Јованка само со него не се карала, иако инаку почнувала кавги со сите блиски соработници на сопругот.
Текст на Иван Ивањи во белградско време се однесува на овој по малку мистериозен лик, за кој нема многу податоци, а е базиран на личните контакти на Ивањи со него како преведувач за кабинетот на претседателот по војната. „Новинар, роден 1926“ е отприлика сè што може да се најде како официјална информација. По потекло бил од Нединовиќи кај Гацко. Тврдел дека во Херцеговина се зборува најчистиот српски јазик и дека на тоа се должи неговиот талент за изразување. Веднаш после војната бил во раководството на младинската организација во Сараево. Во кабинетот на претседателот на Републиката дошол кон крајот на 1950-тите, од местото главен уредник на сараевскиот весник „Збор на младите“. Многу бргу станал советник, а од средината на 1960-тите раководител на Одделението за печат (што би се рекло денес ПР), со звање советник за печат на претседателот и во следната деценија и кусур се грижел за неговите јавни настапи.
Тито работел деноноќно, но со кратки непредвидливи паузи за дремење. Велел дека штом се испружи во хоризонтала може веднаш да заспие. Неговите сорабнотици сепак не можеле да заминат некаде и да направат пауза бидејќи не се знаело кога одеднаш ќе се разбуди и ќе викне по некој од нив.
Односите со медиумите главно се раководеле од изреката „Не е шија, туку онака како што треба“. Говорите што ги пишувал Блажо ги изразувале ставовите на Претседателот на државата, но никогаш не минувале во некакво муабетење со публиката. Тие се подготвувале сериозно - поединечни министерства или други установи давале писмени предлози, а комисијата во неговиот кабинет, која била наречена „маршалат“, сето тоа го синтетизирала и го координирала, при што Блажо го имал последниот збор. Ваквото планирање било потребно бидејќи Тито генерално бил лош говорник. Постојано вртел по хартиите, застанувал, никогаш не умеел да ги прави соодветните паузи, значајно да го крене гласот или да го спушти и така да нагласи нешто особено важно - едноставно немал ораторски талент.
Но Ивањи тврди дека претседателот би бил многу подобар говорник доколку му било допуштено (или самиот да си допуштал) и малку импровизации. Ова се потврдило во 1974 при ручек со водечки индустријалци и банкари во Германија на кој бил присутен и целиот германски политички врв. Тогаш претседателот на владата на Северна Рајна-Вестфалија, Ханц Кин, во воведниот говор вклучил и мала провокација: „Слушнав, господине претседател, дека сте биле гастарбајтер тука во нашата покраина. Слушнав и дека тогаш сте размислувале да емигрирате во Америка, затоа што светската војна веќе се насетувала, а сте сакале да одбегнете да бидете мобилизиран како државјанин на Австроунгарската монархија. Се прашувам, што би било со вас, со Југославија, со светот, доколку тогаш сте заминеле?“ Тогаш Тито видно се израдувал и му шепнал на Ивањи кој бил присутен како преведувач: „Сега не можам да читам, ќе мораме да импровизираме“.
„Да“, одговорил потоа, „бев пробен возач на мерцедеси во Манхајм. Што би било со светот и со Југославија да сум заминел, тоа не го знам. Она што го знам е што ќе ми се случеше мене доколку пред Првата светска војна заминев во Америка. Ќе бев милионер!“
извор (со претплата)