Комунистите на Србија преку социјалните мрежи соопштија дека го смениле од функција и го исфрлиле од партија нивниот досегашниот претседател Јошка Броз, кој знаеше во политички кампањи да го користи слоганот "Где ја стадох, ти продужи."
Внукот на Тито реагираше остро и соопшти дека одлуката на претседателството на партијата е нерегуларна.
"Мене не ме избраа тие туку Конгресот и само тој може да ме смени. Одржале некаков фалшлив состанок на кој имало и луѓе без право на глас а јас имам 17 потписи од членови на Конгресот кои ме поддржуваат," изјави Јосип Јошка Броз.
Внукот на Тито најави дека наскоро ќе се дознае вистината кој му ја посакува политичката ликвидација и дека зад сето тоа се кријат пари и лични интереси.
"Тоа се оние кои лаеја, кои криеја дека биле по затвори, кои ставаа пари на приватни сметки..." рече Броз и најави дека наскоро ќе ја зачисти партијата од такви луѓе.
Јошка е роден 1947 како син на Жарко Броз и по разводот на неговите родители, заедно со неговата сестра почнува да живее кај неговиот дедо и жена му Јованка.
Понавља прва година средно ама подоцна завршува шумарски факултет. Под влијание на гените едно време работи и како металостругар а подоцна и како надзорник на ловиштата на Тито. Пост-социјалистичката кариера ја започнува како угостител и сопственик на рестораните "Чубурска липа" и "Тито" за потоа да се префрли во политика.
Се женел 4 пати.