Денес (25. јуни) во Нови Сад, во рамки на фестивалот Инфант, ќе биде поставена скулптура на Тито, изработена од сапун. Со оглед на тоа што ќе биде дозволено нејзино користење за миење раце (скулптурата ќе биде поставена покрај фонтана), таа се очекува за неколку дена да исчезне, „без да остави зад себе трага на здодевна вкочанетост, на која нè присилуваат повеќето скулптури на јавните простори".
Како се вели во образложението на концептот, настанувањето на поголемиот број споменици е за жал политички мотивиран („седи долго, неподвижно, и владеј токму како и неподвижните скулптури на плоштадите!"). Со самото тоа скулптурите стануваат слуги, курири на политичкиот естаблишмент, а нам ни се наметнува вкусот на нарачателот. За разлика од овие, бронзени, бетонски, железни и други скулптури, оние од сапун отвараат безброј можности за доживување на уметничкото дело - со мирис и допир. Сè додека не исчезнат во воздушеста пена.